Обука за едукатори во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“ одржана во Струга
Во периодот од 19 до 24 септември 2025 година во хотел „Фреја“ во Струга се одржа обука за едукатори во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“. На обуката учествуваа младински работници од Северна Македонија и Албанија, кои имаа можност да стекнат нови знаења и вештини за водење на дебатни клубови.
Обуката ја водеа Ивона Анич и Дарја Јегер од Хрватското дебатно друштво, како и Дора Смилевска од Младински образовен форум, која се вклучи како локален експерт за дебата.
Програмата на обуката опфати теми како: запознавање со основите на дебатата, улогата и значењето на дебатните клубови, користење на неформални методи во младинската работа, етика во работата со млади, како и вештини за судење на дебатни турнири. Дел од агендата беа и практични вежби, отворен простор за дискусија и сесии за размена на искуства помеѓу учесниците.
Оваа активност придонесе за јакнење на капацитетите на младинските работници кои ќе водат дебатни клубови во тековната година, како и за градење на регионална соработка помеѓу организациите и учесниците.
Обуката се реализираше во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“, имплементиран од Хрватското дебатно друштво (ХДД) во партнерство со Џуниор Ачивмент Албанија (JAA) и Младински образовен форум (МОФ), со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.
The post Обука за едукатори во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“ одржана во Струга appeared first on МОФ.
This post was originally published on this site