Јавен повик обука

Нова дигитална алатка „Пратеници.мк“ ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните

 

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ја претставува новата дигитална платформа „Пратеници.мк“, која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието.

Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги следат пратеничките прашања, активностите на пратениците, работата на канцелариите за контакт со граѓаните, како и други показатели поврзани со парламентарната работа, со можност за пребарување, филтрирање и споредување на податоците. Платформата е развиена врз основа на официјално објавените отворени податоци на Собранието на Република Северна Македонија.

 

 

Целта на платформата е да придонесе кон поголема транспарентност и отчетност на Собранието, но и да покаже дека отворените податоци имаат вистинска вредност само кога се разбирливи и употребливи за јавноста.

„Пратеници.мк е создаден за секој што сака брзо и лесно да дојде до релевантни информации за работата на избраните претставници. Интерактивниот панел се служи со отворените бази на податоци достапни на open.data порталот на Собранието, и нуди можност за нивно користење, пребарување и визуелизација на едноставен и интуитивен начин“,  вели Александра Јовевска, раководителка на Центарот за парламентарна поддршка и демократизација во ИДСЦС.

 

Интерактивниот панел е достапен на три јазици на следните линкови:

MK:   https://pratenici.mk
SQ:    https://pratenici.mk/al/
ENG: https://pratenici.mk/en/

 


 

Платформата „Пратеници.мк“ е развиена во рамки на проектот „Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество“, поддржан преку грантовата шема Digital Spark, како дел од проектот Regional Support Mechanism EECA, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамки на Digital Democracy Initiative (DDI), која го опфаќа Глобалниот југ.

 

The post Нова дигитална алатка „Пратеници.мк“ ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните appeared first on IDSCS.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор