[Aggregator] Downloaded image for imported item #49872

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) ЕКСПЕРТ/ПОНУДУВАЧ ЗА РАЗВОЈ И ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО СОДРЖИНИ

Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, во рамките на NDICI CHALLENGE/2024/455-010 ,,Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансофрмативна климатска правда во Европа и пошироко’’ координиран од страна на Climate Action Network Europe (CAN Europe) и кофинансиран од Европската Унија објавува јавен повик за избор на 1 (еден) експерт/понудувач-физичко или правно лице, за развој и изработка на пет кратки аудио-визуелни клипови.

image

Преку видеата ќе бидат претставени личните искуства на локални производители-потрошувачи на електрична енергија од обновливи извори – просумери, како и придобивките од користењето на соларната енергија.

Заинтересираните понудувачи треба да ја достават комплетната документација по електронски пат на ckp.skopje@gmail.com, со предмет: „Пријава на јавен повик за избор на експерт за развој на видео содржини- [име на понудувачот].

Краен рок за доставување на понудите е 24.08.2026 година, најдоцна до 23:59 часот.

Деталните услови, потребната документација, техничките спецификации и критериумите за избор се достапни во целосниот текст на јавниот повик.

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ЈАВНИОТ ПОВИК – PDF

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за климатски промени (ЦКП)

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор