[Aggregator] Downloaded image for imported item #50029

„Поинакви/Different“

 Успешно реализирана проекцијата на документарниот филм „Поинакви/Different“
Во рамките на „Велешко Лето 2026“, во организација на Општина Велес, успешно ја реализиравме проекцијата на краткиот документарен филм „Поинакви“, во прекрасниот амбиент на дворот на Europe House Veles.
Филмот преку приказната на Јордан нe однесе во светот на лицата со аутизам, отворајќи важни теми за различностите, прифаќањето, предрасудите и начинот на кој го гледаме светот околу нас.
 Благодарност до сите кои одвоија време и ни се придружија, ја проследија проекцијата и заедно со нас испратија порака дека секој човек има свое место, своја приказна и своја вредност.
 Особено ни значи што преку културата и филмот имавме можност да поттикнеме разговор, разбирање и поголема видливост за лицата со аутизам.
 Ви благодариме што бевте дел од оваа приказна!

The post „Поинакви/Different“ appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • МОТ усвои прва меѓународна конвенција за достоинствена работа во платформската економија

    Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја усвои Конвенцијата бр. 193 за достоинствена работа во платформската економија, првиот меѓународен трудов стандард посветен на работата преку дигитални платформи. Конвенцијата беше усвоена на 12 јуни 2026 година, на 114-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Новата Конвенција одговара на брзите промени…

  • Нова глобална база на политики и закони за јавни услуги, грижа и правично јавно финансирање

    Global Initiative for Economic, Social and Cultural Rights (GI-ESCR) ја објави новата Global Repository of Promising Policies and Laws – глобална база која на едно место обединува примери на политики и закони насочени кон унапредување на јавните услуги, системите за грижа и поправедното јавно финансирање. Базата е создадена за да…

  • Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него

    Поминаа речиси четири години од почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години од неговото завршување во декември 2023 година. Европската комисија во меѓувреме ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери. Со нив Република Северна Македонија доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската […]
    The post Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него appeared first on IDSCS.

  • Соопштение за медиуми – Герила акција: Чекална – симбол на корупцијата во здравството

    Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова. Станува збор за „герила“ акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот, директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор