Инвестираме во знаење, професионалност и квалитетни социјални услуги!
Денес во просториите на ЗЛЦПДП се реализираше обука за вработените во социјалните услуги “Помош и нега во домот” и “Лична асистенција”, во рамки на програмата за надградување, доусовршување и професионален развој на вработените.
Медицинската сестра Олгица Пепелашева одржа стручно предавање на тема медицинска грижа и соодветен пристап кон корисниците, со акцент на квалитетната поддршка и професионалното постапување при обезбедување на услугите.
Во текот на обуката беа презентирани организациската структура на организацијата, интерните политики, како и начинот на функционирање и спроведување на социјалните услуги како и административниот дел поврзан со водењето документација, известувањето и работните процедури.
Координаторите одржаа предавање поврзано со правилниците, работните обврски, координацијата, комуникацијата и процедурите кои се однесуваат на секојдневното функционирање и обезбедување на услугите.
По успешно реализираната обука, учесниците се здобија со сертификати за учество.
Со континуирано вложување во знаење и професионален развој, придонесуваме кон унапредување на квалитетот на социјалните услуги и јакнење на професионалните капацитети на вработените.
The post Надградување, доусовршување и професионален развој на вработените во социјалните услуги appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес