цивил

На „зелената“ конференција на ЦИВИЛ ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда и медиумите

На „зелената“ конференција под наслов „Зелено општество за сите“ во организација на ЦИВИЛ ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда, медиумите и дезинформациите. Се работи за годишна конференција за зелените вредности што се одржува веќе пет години по ред на крајот на октомври. Овогодишното издание на конференцијата ќе се одржи во четврток, 28 октомври, со почеток во 12 часот, хотел „Парк Резиденс“ (зад фудбалскиот стадион), сала „Њујорк“.

Како и секоја година, на „зелените“ конференции на ЦИВИЛ говорат претставнички и претставници од граѓанското општество, институциите, владата, политичките партии и иницијативи од земјава, како и од регионот. Како и минатата, ковид-година, и оваа конференција на ЦИВИЛ се одржува во вонредни услови – меѓу два изборни круга на локалните избори што се одржуваат во земјата.

Единство на идеи и акција за зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда се темите на кои говорничките и говорниците ќе ги претстават своите ставови, анализи и искуства. Меѓу говорниците се и универзитетската професорка Мирјана Најчевска, активистката Мерсиха Смаиловиќ, Благица Димитровска од невладината „Инклузива“, претседателката на партијата ДОМ, Маја Морачанин, Астрит Истрефи од Балкан Форум, Косово, националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, Слаѓан Пенев од Форум ЦСРД, Милош Димитровски од Извор – Кратово, новинарските ветерани Зоран Иванов и Александар Николиќ Писарев, Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис, Петрит Сарачини, Дехран Муратов, Дијана Тахири и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

претставници од невладини организации од земјата и регионот, владата, како и аналитичари, соработници и членови на проектниот тим на ЦИВИЛ.

Конференцијата ќе се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Настанот е дел од истоимениот проект кој го имплементира организациската единица ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.


Линк до Фејсбук настанот за Конференцијата 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор