Ezero

Мониторинг и податоци – единствена алатка за правилно менаџирање на водните ресурси

Само 2% од територијата на Република Северна Македонија се под водена површина. На територијата на државата има повеќе од 65 реки 3 големи природни езера (Охридско, Преспанско и Дојранско) и уште најмалку 40 помали природни езера и околу 120 вештачки езера. Според количествата, Северна Македонија спаѓа во подрачја со задоволителни водни ресурси, но со нерамномерна територијална рапределба (УХМР, uhmr.gov.mk, 2018-2019). Иако постојат одредени податоци, точната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

Вкупниот број на регистрирани хидролошки станици за мерење на протокот на површински води изнесува 110, а за подземни води тој број е 115 станици (УХМР). Доколку тој број се воспостави во корелација со вкупниот број водни тела (Марковски & Илија, 1999), се заклучува дека тоа е помалку од една мерна станица по водно тело. За споредба, соодносoт на мерни станици и водни тела во Италија е околу два пати поголем, а во Норвешка е повеќе од пет пати.

Недостиг на хидролошки податоци – пречка за имплементација на европската Рамкова директива за води

Недоволниот број на мерења, како и ненавременото процесирање претставува сериозна пречка при имплементација на Рамковната директива за води на ЕУ (EU WaterFrame Directive 60/2000 – WFD) и нејзините придружни и соодносни директиви (на пример, Директива за заштита на подземните води од загадување и нарушување на квалитетот [i], Директива за управување со квалитетот на водата за капење [ii], итн), коишто во најголем дел се внесени и апроксимирани во нашиот Закон за водите (основна верзија: Сл. Весник на РМ 87/2008 од 15.07.2008 и сите негови дополнувања и измени, до денес). И покрај тоа, до денес не е воспоставен соодветен систем на мерења и собирање/складирање податоци за количествата, ниту пак, на терен постои континуирано следење на квалитетот на водите кај водните тела

Едноставна интерпретација на дел од директивата би била: i) единица територија на која се врши планирање на управувањето со водните ресурси е речен/езерски слив, и ; ii) сите водни тела на територија на РСМ, за брзо време, во однос на постојната (лоша) состојба, да го унапредат статусот – во погорна квалитативна категорија. Така, ако водите на Преспанско Езеро и сите притоки во сливот на езерото се утврдени како води со слаб-умерен (pour-moderate) квалитет, врз основа на претходни научни и длабински истражувања, со експертски утврдените мерки треба да се доведат до ниво на повисоката категорија на квалитет на водите – добар (good) (Геотехнички Инжехеринг, План за управување со сливот на Преспанско Езеро, 2011). Конкретен проблем при дефинирањето на мерките во планот е недоволниот број на податоци за протеци на вода во притоките, квалитетот на водата во реките и самото езеро, но и потрошувачката и црпењето вода за наводнување од локалните земјоделски и индустриски корисници. Планот за управување на сливот на Преспанско Езеро доживеа и своја втора надградба[iii]. Сепак, спроведувањето на стриктно пропишаните мерки, до денес, не е на задоволително ниво.

Податоците како основна алатка во управувањето со водните ресурси

Постоечките информации (проток на вода, квалитет на вода, водостој, ниво на подземни води и сл.) и сегашниот начин на нивно собирање, складирање, формат и обработка, не се доволни за натамошни детални статистички и хидролошки анализи, особено за покуси периоди (на пр. час/ден), кои пак се неопходни за моделериње на стохастичките процеси, како на пример, климатските промени. Ако тука се вклучат и застареноста на соодветните хардвери и софтвери, и/или потребата од следење на европските и светските достигнувања на ова поле, но и недостигот на високопрофилирани експерти за тоа (ги има многу малку и недоволно во УХМР и на универзитетите, особено УКИМ), евидентна е потребата за вклучување на алармот во оваа сфера/дејност.

Интересно, постојат многу студии и извештаии каде што се прикажува потребата за правилно управување и планирање на водите, се набројуваат низа мерки, меѓутоа детална анализа на нивно имплементирање не постои. Во многу случаи ситуацијата е комплексна, при што приложените мерки не можат практично да се имплементираат. На пример, за реставрација на едно речно корито потребни се хидролошки податоци од повеќе локации од сливното подрачје, како и мерења на протокот после секоја важна притока. Дополнителни податоци за вегетацијата, фауната како и целиот еколошки систем се исто така неопходни.  Доколку пак има потреба од информации за наносот и ерозија во сливот, комплексонста станува огромна, особено имајќи го предвид фрустрирачки тешкиот начин на мерење на наносот во реките или пак ерозијата во сливот. Обемот на ваквите податоци е голем и потребни се најмалку 50 години за задоволителни анализи и правилно проектирање на системот. Во Северна Македонија, веројатно, не постои река за која се достапни сите овие потребни информации. Со други зборови, предизвиците и проблемите за подобрувње на менаџирањето на квалитетот и искористувањето на водите кај нас, за жал, се само површно анализирани и голем дел од решенијата се базираат на претпоставки или несоодветна емпирија (на пр. лабораториски изведени формули).

Нерамномерната распределба на водните ресурси, како и неконтролираната потрошувачка придонесуваат за допoлнителен притисок врз еколошките системи што уште повеќе го усложнува управувањето и планирањето. Тука влегува и проблемот со отпадните води каде што незадоволителната мониторинг мрежа оневозможува и правилно менаџирање. На пример. само 5 % од отпадните води во Северна Македонија (State Statistical Office, 2009) се правилно третирани пред да бидат испуштени во реките или езерата. Оваа бројка не само што е поразителна, туку и веројатно помала бидејки точноста не е целосно анализирана, а и истата не е јавно достапна. За споредба, Директивата за отпадни води на ЕУ наложува примарно и секундарно третирање на отпадните води за подрачја кои имаат над 2000 еквивалент жители.

Поставената констатација дека во Република Северна Македонија отпадните води минимално се пречистуваат јасно се рефлектира во извештаите на научните експертски тимови (УХМР, Квалитет на води во зоните Рашче, Нерези-Лепенец и Скопско Поле , 2009-2010 ; AS, 2014-2015; Partners, 2016) [но не и во официјалните, дури и најновите, годишни извештаи на УХМР (УХМР 2021). Имено, бројните анализирани мерни места во рамките на овие проекти укажуваат на фактот дека во регионот доминираат IV и V категорија на квалитетот на водите во испитуваните речни екосистеми, додека другите категории индикативни за почисти води се сретнуваат доста ретко. Оваа утврдена состојба укажува на континуиран притисок врз речните екосистеми кој потекнува од слабо или нетретирани комунални и индустриски отпадни води.

Состојбата со трите природни езера и поголемиот број акумулации во државата е исто така алармантна. Бројни се публикациите и проектите кои укажуваат дека делови, цели региони или вкупната површина на Преспанско Езеро, како и делови на Охридско Езеро се наоѓаат под интензивен притисок од еутрофикацијата која потекнува од сливното подрачје и/или од земјоделските површини. (Геотехнички Инжехеринг, Надградба на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, 2016; Геотехнички Инжехеринг, План за управување со сливот на Преспанско Езеро, 2011). Најлоша е еколошката состојба со Дојранско Езеро (РЕЦ, 2015, 2016; Милеуконтакт, 2019; CEPF 2020-2021) за кое постојано се утврдува висока стапка на еутрофикација со засилена појава на штетен „воден цвет“ од сино-зелени алги за кои е потврдено и дека се токсични. Притоа, државниот мониторинг на природните езера и акумулациите базиран на РДВ воопшто не постои, или тој се одвива хаотично на периоди и надвор од, спротивно од или не ги следи предложените методологии и контрола на резултатот во рамките на домашните закони и РДВ.

Потреба од континуиран мониторинг

Евидентно е дека секоја активност во правец на управување со сливно подрачје во основа се базира на соодветните, прецизни и потврдени податоци кои се добиени со примена на различните мониторинг системи постулирани во европската директива и домашната легислатива. До денес, во Северна Македонија, не е воспоставен соодветен мониторинг систем на површинските и подземните водни тела. Тоа е  резултат на бројни проблеми, но пред сè на недоволна екипираност, финасиска поддршка, интерес од страна на државата, како и соодветно изграден мониторинг систем во кој учествуваат практичарите (УХМР) и академската заедница како контролор на методот, апликацијата и добиените резултати од мониторингот врз база на тековните научни сознанија.

Неможноста за детална евалуација (на пр. поради немање податоци) на расположливите водни количества, степенот на нивната искористеност и нивниот квалитет ја намалува можноста за подготовка и имплементација на детални планови и стратегии за подобро менаџирање на водните ресуси. Истовремено, тоа најчесто е и пречка за изработка на детални апликации за проекти, спонзорирани од меѓународните фондации, најчесто од ЕУ или Светската банка, иако тука, пред сите предничи Владата на Швајцарската конфедерација преку нејзините: SECO (Државен Секретаријат за Економски работи) и SDC (Швајцарска Агенција за Развој и Соработка). Слични констатации беа приложени на неоодамнешната прес-конференција на УХМР каде што ја нагласуваат потребата од средства и човечки ресурси (во моментов работат само осум луѓе и буџетот изнесува само 8,000 евра на годишно ниво), како и од генерално подобрување на целата мониториг мрежа во Македонија.

На последната Европска конференција за водите (European Water Conference, 2018) беа прикажани најважните точки на ЕВД како и напредокот на Европската Унија во однос на спроведувањето на мерките и целите на директивата. На конференцијата се укажува дека постои застој и одложување на имплементацијата на целите поставени во претходниот период (нивно имплементирање во 2025). Притоа се посочува дека климатските промени како и нехолистичкииот пристап кон менаџирање на водните ресурси се главните причини за овој застој на европско ниво. Т.н., холистички пристап, подразбира ”source control”„ (на пр. лоцирање на изворот на загадување или исцрпување на вода и изнаоѓање на превентивно решение), а не „end of pipe” (на пример, проблемот со недостаток или загадување на вода се решава со вештачки доток или пречистување на самото место) пристап кон решавање на проблемите. За тоа потребна е детална мониторинг мрежа и креирање на мултидисциплинарна методологија (вклучување на сите засегнати страни) при решавањето на проблемите со водните ресурси.

Добри практики од западноевропските држави за мониторинг на водните ресурси и решавање на климатските проблеми при хидролошките анализи

Прв чекор е планирање и имплементација на нова мониторинг мрежа за континуирано мерење на сите неопходни хидролошки и квалитативни податоци, како и подготовка на датабаза достапна за приватниот и државниот сектор во Република Северна Македонија. На пример, во Норвешка е развиена аппликација NVE atlas преку која се визуелизирани сите мерни станици и податоци достапни за секоја река и сливно подрачје. Освен историски податоци, можно е следење на моменталната состојба кај дел од станиците –Xgeo. Генерално, мониторинг ситемот на водните ресурси во Норвешка е сè поактуелен и огромни средства се одделуваат за финансирање на мониторинг мрежата, иако важи за земја со повеќе од задоволително количество на вода. Истовремено, приватните корисници се законски обврзани да вршат мерења и податоците да се внесуваат во датабазата. Во Италија, исто така, постои портал за преземање на хидролошки податоци (Portale dei dati idrologici), меѓутоа не е целосно достапен и не е толку детален како во скандинавските земји. Слични портали се развиваат во сите европски земји како еден од најважните чекори за справување со недостатокот на вода во иднина.

Климатските промени во Италија се вклучени во сите детални планови (на пример, регулација на езерото Комо и сите сливови во Ломбардија, Северна Италија), каде што се применуваат најмодерни пристапи за оптимизирање на искористеноста на водите. На пример, регулацијата на водостојот на езерото Комо е базирана на низа сценарија кои вклучуваат климатски промени во наредните 100 години. Во Норвешка, пак, постои регулатива каде климатските промени мора да се земат предвид при секоја студија или проект (Climate change adaptation, 2021). За поедноставните анализи и студии предложено е процентуално зголемување на протоците во зависност од големината и локацијата на сливот во Норвешка.

Од аспект на климатските промени, во Северна Македонија ситуацијата е многу поалармантна. Климатските промени воопшто не се вклучени како неопходен елемент во управувањето на водните ресурси (на пр. процентуална корекција на проток за планирање на речниот слив). “End of pipe” пристапот е сè уштe најприсутнa метода, a за тоа сведочат низа настани од блискоto минато, како што е ситуацијата со Преспанско Езеро. А само пред некој месец, дури во 2021 година беше промовиран портал за јавно надгледување на водните ресурси кој што не овозможува превземање на детални податоци.

Горенаведените примери покажуваат дека проблемот со управување на водните ресурси како намалување на влијаниеото на климатските промени мора, што поскоро, да станат приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Подобрување на мониторинг мрежата на ниво на целата држава е првиот чекор за иднетификување и лоцирање на проблемите. Зголемувањето на обемот на податоци и мерења ќе придонесе за поефективна изработка на планови и стратегеии за управување, но и брзо, ефикасно и перманентно решавање на проблемите со водните ресурси.

Автори: д-р  Славен Цоневски, Тодор Цоневски, проф. д-р Светислав Крстиќ

Референци

AS, R.-D. (2014-2015). Technical Assistance for Strengthening the Institutional Capacities for Approximation and Implementation of Environmental Legislation in the Area of Water Management. Скопје: RambolDenmark A/S.

(2021). Climate change adaptation. Oslo: NVE – The Norwegian Energy Regulatory Authority. Повратено од https://2021.nve.no/climate-change-adaptation/

Partners, E. B. (2016). Bregalnica River Basin Management Project. Скопје: Erns Basler and Partners.

State Statistical Office. (2009). Environmental statistics;. State Statistical Office. Повратено од https://www.stat.gov.mk/PrikaziPublikacija_1_en.aspx?rbr=75

Геотехнички Инжехеринг, С. (2011). План за управување со сливот на Преспанско Езеро. Скопје: UNDP Проект. doi:https://www.researchgate.net/publication/266850433_PRESPA_LAKE_WATERSHED_MANAGEMENT_PLAN

Геотехнички Инжехеринг, С. (2016). Надградба на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро. Скопје: UNDP Проект. Повратено од https://moam.info/prespa-lake-watershed-management-plan-update_5c951585097c47ab1f8b461d.html

Марковски, Б., & Илија, П. (1999). Реките во Република Македонија. Скопје. Повратено од https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%A0%D0%B5%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf?uselang=mk

УХМР. (2009-2010 ). Квалитет на води во зоните Рашче, Нерези-Лепенец и Скопско Поле . Скопје: УХМР.

УХМР. (2018-2019). uhmr.gov.mk. Повратено од https://uhmr.gov.mk/hydrology

[i] EU Groundwater Directive

[ii] EU Bathing Directive

[iii] единствен во Балканскиот регион, досега се направени основни верзии на Планови за управување со речни/езерски сливови, но не е забележана надградба-udate, по поминати 6 години, колку и изнесува важноста на еден ваков План – според WFD

Фото: Nenad Stojkovic/Flickr

Овој блог е изготвен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во рамки на кампањата „Разбистри сè“,што ја спроведува Институтот за комуникациски студиии е финансирана од Британската амбасада во Скопје. 

Продолжи со читање

  • Школа за водачи Голозинци 2026 во организација на СИМ

    Во периодот од 13.08 до 19.08.2026 година, во Извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа првиот дел од Школата за Водачи ’26. На школата учествуваа членови од повеќе извиднички одреди: ИПО “Јадран’’ , ИПО “Крсте Јон’’ , Прв Скопски Извиднички Одред, ИО ,“Гоце Делчев“ , ИО “Методиј Митевски-Брицо“ ИО “Мирко Милевски“ ,…

  • Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

    Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub. Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност…

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

  • Велешките гемиџии и извидници учесници на рафтинг манифестација “Неретва и пријателите 2026 – Битката на Неретва“

    Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва. Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе…

  • GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство

    Последни новости GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство Од 1 до 4 јули 2026 година, речиси 40 средношколки од околу 15 градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот GLOW 2026 (Girls Leading Our World) – уникатно лидерско искуство организирано од ИМКА во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Направен со цел да ја инспирира следната генерација млади лидерки, кампот GLOW ги обедини практичното учење, авантурата во природа и креативноста во средина каде што секоја учесничка беше охрабрена да ги открие своите силни страни, да ги поддржува другите и да ја изгради својата самодоверба. Во текот на четиридневната програма, учесничките следеа интерактивни работилници засновани на столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку практични активности, тие развиваа критичко размислување, способност за тимска работа и лидерски вештини кои ќе можат да ги применуваат во своите училишта и локални заедници. Покрај едукативниот дел, програмата понуди богата палета рекреативни активности, меѓу кои креативни работилници, куглање, олимписки игри и забавни водени предизвици кои поттикнуваа тимски дух и здрава конкуренција. Еден од највпечатливите моменти беше престојот во Националниот парк Пелистер, каде што девојките кампуваа во шатори, го совладаа адреналинскиот парк, и уживаа во пешачење и истражување на шумата преку интерактивна потрага по природни богатства. Влијанието на кампот најдобро го опишаа самите учеснички: Неверојатната енергија на сите! Секоја активност беше одлично организирана, сите беа гостопримливи и пријателски настроени, а заедно доживеавме толку многу нови искуства. Најмногу ми се допадна што конечно направив работи за кои отсекогаш сум сонувала, и тоа опкружена со прекрасни девојки на моја возраст! Посебно ми значеше чувството на топлина и сигурност што го создаде просторот исполнет со жени кои се поддржуваат меѓусебно. Друга учесничка го истакна богатството на програмата: Секој ден беше исполнет со различни и уникатни активности, така што ниту еден ден не беше ист како претходниот. Советничките беа прекрасни, секогаш позитивни и полни со охрабрување. За многу девојки, токму пријателствата создадени за време на кампот останаа највредниот дел од целото искуство: Најмногу ми се допадна заедништвото што го создадовме во кампот – атмосфера исполнета со поддршка и пријателски дух. Имав чувство дека сме во еден посебен свет исполнет со љубов и добрина, далеку од суровоста што понекогаш ја носи секојдневието. А и храната беше одлична! Влијанието на кампот продолжи и по неговото завршување, а родителите забележаа позитивни промени кај своите ќерки. Еден родител сподели „Забележав дека стана поотворена и ме изненади колку многу енергична беше кога се врати дома. Ми се чини дека стекна и многу поголема храброст отколку порано. Беше пресреќна и веднаш ми кажа дека следната година повторно сака да учествува.“ Други родители истакнаа промени како: Подобри комуникациски вештини. Поголема самодоверба. Порасположена е, посигурна во себе и полна со прекрасни впечатоци. Следното лето дел од овогодишните учеснички ќе имаат можност да го продолжат своето лидерско патување преку пријавување во програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА, преку која младите развиваат лидерски, комуникациски, менторски и волонтерски вештини во текот на учебната година, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите. Преку оваа лидерска патека, ИМКА инвестира во младите не само како учесници на камповите, туку и како идни ментори и лидери кои ќе ја инспирираат следната генерација.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор