Многу скапа мелодрама во јавниот простор

Легитимитет на политичката дебата дава јавноста. А колку што видовме, тоа изостана. Многубројни се критиките на сметка на она што се нарекуваше „дебата“. Она што го видовме и слушнавме, всушност беше само отстапен јавен простор од медиумите за чисти монолошки форми и партиски пеења. Форматот речиси ист секаде, т.е. исти одговори на речиси исти прашања. Добро научени стихови и фрази, кои суштински не придонесоа да се дебатира за политики, па макар и со спротивставени ставови. Слободата да се дебатира за креирање и развој на политики, никој не ја искористи. Кандидатите го злоупотребија правото и слободата за дебата најчесто во плукање и напад на актуелните кандидати, чест на исклучоците, додека медиумите беа доста тивок декор при партиското рекламирање.

А слободата на политичката дебата е во суштината на концептот на демократското општество, ако барем малку остана нешто од тоа. Па, така, наместо дебата за политики, ние имавме класична мелодрама во јавниот простор – искази со пренагласена емотивност, со увереност за чиста победа уште пред да почне битката, со потресни и малку веројатни ситуации или настани на кои ќе може да се одговори со градоначалничкиот мандат. Крајно несериозно, без почитување на интелектот на масата и јавноста и без никакви скрупули да се ветува што реално ни физички не може да се исполни докрај во рамките на еден мандат.

Слободните и фер избори не се однесуваат само на слободата на глас и искористување на правото на глас, ами и на знаење како да се гласа, т.е. механизмот на информираност што е во рацете на медиумите. Тој партиципативен процес каде што гласачите се вклучуваат во јавна дебата и имаат соодветна информација за партиите, за политиките, за кандидатите и за самиот изборен процес, со цел да се направи информиран избор. До кој степен го имавме тоа?

Медиумите дејствуваат како клучен чувар на демократските избори, заштитувајќи ја транспарентноста на процесот. Навистина, демократски избори без слобода на медиумите би било контрадикција. Но и обидот да се контролира гласот на јавноста е еднакво на задушување на јавниот простор. Особено во делот на утринските програми каде што поставувањето на тематските прашања многу повеќе водеше до целта на поларизација на јавното мислење, повеќе кон поттикнување расправи(ја) отколку на дебата за одредени политики. Неспорно е дека целокупниот наратив на атака од дебатните емисии на ТВ од страна на политичарите се реплицираше на утринските јавувања каде што јавноста наместо да се поттикне да ги отвори прашањата, насочено се фаворизираше кон едните или кон другите.

Медиумите можеа да бидат барометар на јавното мислење, креатори на дебати за политики, простор каде што нееднаквата борба меѓу политичките субјекти ќе ја нивелираа со гласот на јавноста.

Во таков склоп на околности можеби и ќе можеше да се оди дотаму да се постават прашања на дебатните емисии што произлегуваат од емисиите во живо со јавноста, бидејќи на крајот од денот, граѓаните се тие што одлучуваат. За жал, се потфрли во пренесување на гласот на јавноста од медиумите кон политичарите, не се искористи шансата да се слушне кои се потребите за одредени политики и конкретни проблеми во различни области. Наместо да се оди со пристап оддолу-нагоре (bottom-up approach) се наметнаа мелодрамските улоги на политичарите да кажат што смислиле или измислиле во нивните програми. Затоа звучеа нереално и неоригинално.

Во таа смисла, медиумите одиграа многу тивка, речиси споредна или спорадична улога во најдемократскиот процес во државата – изборниот процес. Медиумите требаше да ја имаат главната улога, затоа што тие им даваат информации на повеќето гласачи што се од суштинско значење за изборот што го прават во гласачката кутија. Затоа, правилното однесување на медиумите кон сите политички партии и кандидати, како и правилното медиумско однесување при презентирање информации што се релевантни за изборниот избор, се клучни за постигнување демократски избори.

А волјата на народот – изразена со вистински, демократски избори – е основата на авторитетот на секоја демократска влада. Тој авторитет сепак не може да се воспостави доколку избирачите не направат слободен и информиран избор меѓу политичките натпреварувачи.

Дел од важноста на политичката дебата е начин како да му се даде на електоратот информации што му овозможуваат да го оствари својот политички избор. Можеби само тогаш ќе имаме народ што ќе гласа ЗА, а не во повеќето случаи како што гласа ПРОТИВ. Па, така, едните победија токму само поради тоа што другите требаше да изгубат.

Слободата на говорот е, без сомнение, основата на секое демократско општество, бидејќи без бесплатна дискусија, особено за политички прашања, не е можно јавно образование или просветлување, толку суштинско за правилно функционирање и извршување на процесите на одговорна влада, а богами и одговорна опозиција. Иако улогата на опозицијата е да ја критикува власта, сепак одговорноста за недвосмислено почитување на законите во делот на изборниот процес беше доведена под прашање.

Како и да е, останавме куси во опусот на информации и од двете страни. И од оние што се претставуваа и од оние што требаше да ни ги претстават. Анемични, задушени, без воздух беа и политичките партии и медиумите кои требаше да играат клучна улога во овој процес на креирање на јавната дебата за политики.

Се чини како да имаа симптоми на долг ковид, а мораа да играат некаква претстава. Дали станува збор за уморни медиуми или поттикната апатија? Што придонесе кон тоа? Дали можеби обезбедените државни средства за медиумите преку платеното политичко рекламирање придонесе кон тоа радиодифузерите да се опуштат и да ја дозволат мелодрамата што ја следевме?

Во тој случај, многу скапо нè чини, иако публиката веќе одлучи за кого ќе аплаудира.

Автор: м-р Лилјана Пецова-Илиеска

Насловна фотографија: freepik.com

esilient Journalism in the Western Balkans”, што го координира Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), чија што членка е МИМ. Проектот е поддржан од „National Endowment for Democracy“ (НЕД).

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор