ЕПИ

Нов извештај на ЕК: Без изненадувања

Презентацијата на пакетот за проширување во Комисијата за надворешна политика од страна на комесарот Вархеји беше видливо во сенка на блокираниот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија и неможноста  државите членки да ја донесат одлуката за почетокот на преговорите со двете држави.

Во овие услови, Комисијата безбедно останува на веќе познатите главни наоди и препораки во поглед на отворањето на преговорите. Во Заклучоците на овогодишната Стратегија за проширувањето, Комисијата повторува дека одложувањето на почетокот на преговорите со двете земји негативно влијае врз кредибилитетот на ЕУ. Затоа повикува билатералните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решат како приоритет, државите членки да ја завршат дискусијата за преговарачките рамки и првите меѓувладини конференции да се одржат пред крајот на оваа година. Ваквото инсистирање е поддржано со оценката дека државата ги исполнила условите за одржување на првата меѓувладина конференција, благодарејќи на „одржувањето стабилно и одлучно темпо во спроведувањето на реформите во ЕУ, особено во клучните области како што е владеењето на правото, вклучително и во борбата против корупцијата и организираниот криминал“.

Иако Извештајот е методолошки изменет – сега тој е целосно структуриран по кластери, суштествено нема големи новини во пристапот на Комисијата, освен редоследот на поглавјата и сумирањето на главните наоди по поглавја.  Во повеќето од кластерите Северна Македонија е проценета како умерено подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ со видливи разлики помеѓу посебните поглавја во кластерите.

Покрај оваа куса анализа, Институтот за европска политика подготвува детална анализа на извештајот и препораките со споредба на трендовите која ќе биде објавена во наредните неколку денови.

Симнете ја анализата

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор