МКЦ Битола го организира "career fair 2"

МКЦ – Битола го организира “Career Fair 2”

 

Младински културен центар – Битола и Инфо Клубот – Битола на ден 23 ноември 2017 година (четврток) ќе организираат „Career Fair 2“ настан во просториите на Центар за култура – Битола (фоаје над Голема сала) со почеток во 13.00 часот.

Инспиративни говорници, штандови на компании и понуда на 100 слободни работни места.

Од информација до кариера!

Настанот вклучува штандовска презентација на компании кои нудат слободни работни места, кратки презентации од претставници на иновативни бизниси од Македонија, можност за посетителите да се запознаат и да разменат контакти со наши компании. Дел од настанот се и интерактивни, инспиративни и едукативни говори за мотивација.

Саемот за кариера обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција за која сонуваат.

Настанот е во рамките на регионалната платформа YOUSEE за социјални иновации во младинското вработување, а поддржан и од УНДП и општина Битола.

МКЦ-Битола е институционален грантист на Цивика Мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор