20170403 IDSCS i CEA vesti

ПВР во сенка: Повик за доделување мали грантови на граѓански организации за спроведување на проекти за истражување и мониторинг

 

Институт за демократија “Социетас Цивилис” Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центар за Економски Анализи (ЦЕА) отвара Повик за доделување мали грантови на граѓански организации за спроведување на проекти за истражување и мониторинг, во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“, финансиски поддржан од Делегација на Европска Унија.

Општата цел на оваа активност е придонес кон доброто владеење во Р. Македонија преку градење на капацитетите на граѓанските организации за мониторинг и анализа на спроведувањето на ПВР. Треба да се земе превид дека ПВР има најголем потенцијал да им обезбеди на засегнатите страни и носителите на одлуки, квалитетни анализи како и простор за консултации кој ги спречува арбитрарните одлуки и овозможува носење информирани одлуки.

Фокусот на оваа активност е зголемување на можностите за активна вклученост на граѓанските организации во ПВР процесот и реформите во јавните политки. Идејата зад ваквиот фокус е да се создаде позитивна средина за вклученост на граѓанските организации и нивните продукти во ПВР процесот.

Грантовата шема има вкупен фонд од 4.305.000 денари (70.000 евра). Максималниот износ по грант изнесува 615.000 денари (10 000 евра). Целосните апликации со пропратните документи во pdf. формат се доставува само по електронски пат на адресата: pankovski@idscs.org.mk (со назнака – Повик за доделување мали грантови – ПВР).

Краен рокот за доставување е 10 декември 2017 година (среда) 23:59ч.

Целосниот повик со сите услови, формуларот за аплицирање и буџетската рамка се достапни на следните линкови:

Отворен повик

Прилог 1 Апликациска форма 

Прилог 2 Буџет

The post ПВР во сенка: Повик за доделување мали грантови на граѓански организации за спроведување на проекти за истражување и мониторинг appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор