Меморандум за соработка: Рурална Коалиција и Банката за храна – Храна за сите
На самиот краj на 2020 година Рурална Коалициjа потпиша уште еден меморандум за соработка и тоа овоj пат со Банката за храна – Храна за сите. Двете организации заедничката соработка jа градат подолг временски период, па се поjави и потребата од неjзино официjализирање како би се поставиле и темелите на взаемното делување во годината коjа што следува, а во делот на градењето на стратешки пристап кога станува збор за производството на храна, делувањето во руралните средини и обезбедувањето на храна на оние на кои што им е наjпотребно.
Како приоритетни области на работа беа поставени:
- Заедничкото делување застапување во работната група за предлог-законот за донирање на вишок на храна, каде што ќе се настоjува и земjоделските производи да влезат во процесот на храна коjа што ќе може да се откупува и донира;
- Понатаму и двете организации ќе работат на развивање на концептот на социjално претприемништво кое што се наметна како една од клучните области на коjа што ќе треба да ги заjакнат капацитетите и двете организации, по што ќе следува и процес на основање на социjално претприjатие;
- Исто така ќе се креира и платформа помеѓу двете Коалиции, а во насока на заедничко застапување на сопствените каузи пред институциите и донаторите
- Особено ќе се поддржува економската активност на жените од руралните средини и ќе се поттикнува женското претприемништво;
- Ќе се работи и на креирање на предлог-Стратегиjа донирање на вишок на храна при што ќе се вклучат и вишоците на храна кои што произлегуваат од земjоделското производство.
Годишните планови за работа на Рурална Коалициjа и Банка за храна – МК се поддржани во рамките на програмата на Цивика мобилитас.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44384](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mk-grc-mala.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/630311151_895856849832384_2455287352878253917_n.jpg)
![[aggregator] downloaded image for imported item #40356](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/web-page-cover-scaled-1-768x337.webp)
