НРЦ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ФАСИЛИТАТОТ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА НА НРЦ 2019-2021

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на фасилитатор за ревидирање на Стратегија на НРЦ 2019-2021“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирањена на фасилитатор за ревидирање на Стратегија на НРЦ 2019-2021.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот.30.04.2021 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство како фасилитатор во водење на процес на подготвување стратешки план и подготвување стратешки план;
  • Минимум 5 годишна  експертиза и искуствовостратешкопланирање, заштоќетреба  дадоставидоказ/портфолио;
  • Даиматемелнопознавањеначовековитеправа и правата и потребитеналицатаодмаргинализиранитегрупи;
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други).

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени слични активности за минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден.

3. Опис на позиција: фасилитатор за ревидирање на Стратегија на НРЦ 2019-2021

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  2 работни дена во  месец  февруари 2021 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани соревидирање на Стратегија на НРЦ 2019-2021 во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 2 работни дена во месец февруари  2021 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:

  • Одржување на две еднодневни работилници за ревидирање на Стратегија на НРЦ 2019-2021 со вработени и ангажирани лица на НРЦ;
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 2 работни дена (буџетска ставка 1.3.1.1);
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплатата ќе биде еднократна по завршување на ангажманот и одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на извршителот..

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден – 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адресиinfo@nationalromacentrum.org и ksojic@nationalromacentrum.orgнајдоцна до 15.02.2021 година до 16:00 часот.


ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ФАСИЛИТАТОТ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА НА НРЦ 2019-2021 was first posted on February 4, 2021 at 3:12 pm.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор