Меморандум за соработка со Банката за храна – Храна за сите

Меморандум за соработка: Рурална Коалиција и Банката за храна – Храна за сите

На самиот краj на 2020 година Рурална Коалициjа потпиша уште еден меморандум за соработка и тоа овоj пат со Банката за храна – Храна за сите. Двете организации заедничката соработка jа градат подолг временски период, па се поjави и потребата од неjзино официjализирање како би се поставиле и темелите на взаемното делување во годината коjа што следува, а во делот на градењето на стратешки пристап кога станува збор за производството на храна, делувањето во руралните средини и обезбедувањето на храна на оние на кои што им е наjпотребно.

Како приоритетни области на работа беа поставени:

  • Заедничкото делување застапување во работната група за предлог-законот за донирање на вишок на храна, каде што ќе се настоjува и земjоделските производи да влезат во процесот на храна коjа што ќе може да се откупува и донира;
  • Понатаму и двете организации ќе работат на развивање на концептот на социjално претприемништво кое што се наметна како една од клучните области на коjа што ќе треба да ги заjакнат капацитетите и двете организации, по што ќе следува и процес на основање на социjално претприjатие;
  • Исто така ќе се креира и платформа помеѓу двете Коалиции, а во насока на заедничко застапување на сопствените каузи пред институциите и донаторите
  • Особено ќе се поддржува економската активност на жените од руралните средини и ќе се поттикнува женското претприемништво;
  • Ќе се работи и на креирање на предлог-Стратегиjа донирање на вишок на храна при што ќе се вклучат и вишоците на храна кои што произлегуваат од земjоделското производство.

Годишните планови за работа на Рурална Коалициjа и Банка за храна – МК се поддржани во рамките на програмата на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор