[Aggregator] Downloaded image for imported item #48887

„Локал актив“ стигна во Куманово – следната станица за медиум на заедницата

Петнаесетина млади, активисти и новинари од Североисточниот Регион беа дел од работилницата што Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираа во Куманово.

Настанот беше организиран во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“, а целта е иницијативата „Локал Актив“, како еден редок пример на медиум на заедницата во земјава, да се прошири во нови региони.

Настанот го отвори Слаѓан Пенев од Институтот РЕСИС, кој направи краток вовед за тоа што претставуваат медиумите на заедницата и по што се разликуваат од традиционалните локални медиуми. Пред присутните ги претстави и трите постојни платформи на „Локал Актив“ – „Локал Актив“, „Локал Актив Вардар“ и „Локал Актив Пелагонија“ – како конкретни примери на овој модел.

Работилницата продолжи со дел во кој учесниците споделија свои искуства, теми што се важни за нивната локална заедница, како и навиките за информирање што ги имаат самите или ги забележуваат кај граѓаните во регионот. Иницијативата беше позитивно прифатена од присутните, кои истакнаа дека вакви непрофитни медиуми на заедницата недостасуваат во Североисточниот Регион, но и во државата генерално.

Работилница Куманово ФОТО 6

Работилница Куманово ФОТО 4

Снежана Трпевска од РЕСИС дискутираше со учесниците за професионалниот и за етичкиот дел од работата на медиумите, додека Билјана Георгиевска од СЕММ ги презентираше успешните примери на медиуми на заедницата од Европа, темите што ги истражуваат и пристапот што го имаат кон заедницата.

Трпевска и Георгиевска ја нагласија важноста на етичкото известување и на саморегулацијата, а низ дискусија со учесниците беа разгледани и конкретни случаи во кои се прекршувале етичките правила, како и позитивни примери каде што редакциите признавале грешки и коригирале одредени содржини.

Во последниот дел од работилницата присутните разработуваа предложени идеи, од кои во следниот период ќе произлезат идни стории на платформите на „Локал Актив“.

Работилница Куманово ФОТО 1

Работилница Куманово ФОТО 5

Работилница Куманово ФОТО 2

Ова беше четврта и последна работилница од овој тип, која РЕСИС и СЕММ ја организираа во новите региони каде што се планира воспоставување медиум на заедницата „Локал Актив“. Во следниот период новинарите, младите и активистите што беа вклучени во процесот, ќе добијат можност да работат на стории со кои ќе бидат истражувани и темелно анализирани важни проблеми на локалната заедница од Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Југоисточниот Регион на Македонија.

*Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, на „Цивика мобилитас“ или на организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор