2 ulici

Истражување на тендерите за хоризонтална сигнализација во општините

Избледените и речиси невидливи пешачки премини низ земјава не се случајност. Тие се последица на начинот на кој општините ги спроведуваат набавките за нивно обележување. Анализата на тендерите покажува дека поголем дел од општините воопшто немале набавки за т.н. хоризонтална сигнализација на улиците во последните три години, а во многу случаи каде ваквите набавки се реализираат не се поставуваат јасни критериуми за квалитетот и за трајноста на бојата со која се бележат пешачките премини. Поради тоа, дури и таму каде што се трошат јавни средства за обележување на улиците, резултатот не секогаш се видливи и безбедни пешачки премини.

КЛУЧНИ НАОДИ:

  • Непостоечките и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, во голема мера се поврзани со начинот на којшто општините ги спроведуваат тендерите за нивно обележување.
  • Некои општини воопшто не распишуваат вакви тендери, други тоа го прават ретко, а трети редовно. Но постоењето тендер, само по себе, не гарантира уредна сигнализација на терен. Во многу општини кои редовно набавувале боја или ангажирале фирми за обележување, на самото место се воочуваат избледени или речиси невидливи линии на улиците.
  • Анализата на тендерските документации открива дека само дел од општините дефинираат конкретни стандарди и карактеристики на бојата, додека во голем број општини техничката спецификација е сведена само на два збора, „боја за патишта“, без никакви мерливи критериуми за квалитетот.
  • Како поризични во однос на квалитетот на бележењето на улиците се покажуваат тендерите што се однесуваат на „набавка на услугата за обележување на улиците“. Во нив, најчесто, квалитетот на бојата која треба да се користи не е јасно дефиниран.
  • Без минимални технички барања за бојата, нема механизам за проверка колку време ќе трае набавената боја – а јавните пари се трошат без очекуваниот ефект.
  • Истражувањето открива дека за повеќе од половина од локалните самоуправи, конкретно за 46 од 81, во електронскиот систем нема ниту еден тендер за хоризонтална сигнализација во периодот од 2023 до 2025 година. Тоа значи дека, според системот, во текот на три последователни години немале тендери за бележење на пешачки премини, велосипедски патеки и други ознаки на улиците.
  • Во овие општини без ниту еден тендер за бележење на улиците живеат 560 илјади жители. Оваа пракса не е ограничена само на мали рурални општини – меѓу нив се и густо населените скопски општини Аеродром, Чаир, Бутел и Сарај, каде што интензивниот сообраќај ја прави хоризонталната сигнализација директно поврзана со безбедноста на пешаците и на другите учесници во сообраќајот.
  • И онаму каде што имало тендери за обележување нивната зачестеност е исто така неконзистентна. Помали општини, како Берово, Ресен и Крива Паланка, имале тендер секоја година во анализираниот период, наспроти општини со значително повеќе население и сообраќај, кои бележеле само еднаш или двапати во истите три години.

Анализата на единечните цени открива ценовни разлики и до 4 пати. Бојата е купувана од 132 до 296 денари за 1 килограм, додека пак цените за услугите за бележење со бела боја и стаклен перлит се движат од 281 до 802 денари за м2.

Во анализираниот период, односно во 2023, 2024 и 2025 година, општините вкупно спровеле 128 тендерски постапки за обележување на улиците, од кои 33 биле поништени.

Истражувањето покажа дека во 46 општини, односно во 57 % од општините, немало ваков вид набавка, дека 21 општина имала една или две вакви набавки во период од 3 години, а 14 општини имале набавки за обележување на улиците во секоја поединечна година.

Ова говори за значителна нерамномерност меѓу општините во спроведувањето на јавните набавки за обележување на улиците. Набавките се концентрирани во ограничен број општини и јавни претпријатија, што укажува дека континуитет постои кај дел од субјектите, наспроти целосно отсуство кај други.

Во групата општини кои во анализираниот период немаат спроведено ниту една јавна набавка за обележување улици доминираат помали општини, но меѓу нив се вклучени и поголеми по бројот на жители, како Аеродром, Чаир, Бутел и Сарај. Мал дел од општините кои во изминатите три години немале вакви набавки, меѓу кои и скопски Чаир, спровеле тендер за оваа намена во тековната година, додека останатите најверојатно ќе ја пропуштат и 2026 година.

Она што дополнително ја проблематизира целата состојба е фактот дека и во општините каде што имало тендери за обележување, нивната зачестеност е исто така неконзистентна. Помали општини, како Берово, Ресен и Крива Паланка, имале тендер секоја година во анализираниот период, наспроти општини со значително повеќе население и сообраќај кои бележеле само еднаш или двапати во истите три години.

Освен во однос на фреквенцијата на обележувањето, општините немаат воедначен пристап и тогаш кога спроведуваат јавни набавки за хоризонтална сигнализација. Во некои општини работата ја извршува локалното јавно претпријатие со сопствена механизација, а набавува само боја и друг потрошен материја. Во други општини, пак, преку еден тендер се бара комплетна услуга од приватни фирми – и за бележење и за бојата, а во трети, пак, набавката на боја и услугата за бележење се предмет на одделни постапки. Ваквата нестандардизираност ја оневозможува споредливоста меѓу сите општини и го отежнува надзорот.

Разлики има и во однос на техничките барања каде што се упатува на различни методи на мерење на бојата, на вискозитет на бојата, различни класи и различни стандарди.

За да се обезбеди споредливост меѓу општините и нивните локални претпријатија, тие се поделени во 3 категории. Првата категорија ги опфаќа општините или јавните претпријатија кои набавувале боја за бележење на улици, заедно со перлит и разредувач, а втората и третата категорија, општините што за набавка на услугата за бележење улици користеле приватни фирми (само со боја или со боја и со перлит).

  1. Набавка само на бела боја за бележење на улици

Во групата договорни органи кои набавувале боја и друг соодветен материјал за бележење на улиците се наоѓаат ЈП Улици и патишта, ЈКП Дервен Велес, ЈП Паркинг Кавадарци, ЈП за изградба и одржување на јавен простор во Општина Битола, ЈКП Илинден, ЈП Плаваја Радовиш и ЈП Стипион.

ЈП Улици и патишта, ЈКП Дервен Велес, ЈП Паркинг Кавадарци, како и ЈП за изградба и одржување на јавен простор во Општина Битола, во своите тендерски документи имаа поставено највисоки услови и барале бојата да биде квалитетна според стандардот MKC EN 1436:2018, а теренската издржливост и отпорност на лизгање – според стандардот МКС EN 13197+А1:2014. Такви стандарди не биле барани од останатите општини и јавни претпријатија од оваа група.

ЈП Плаваја Радовиш бара постар стандард за квалитет на бојата MKC EN 1436+А1:2009, ЈП Стипион од Штип бара MKC EN 1436 без да наведе година, што значи може и постара верзија, а не го бара стандардот МКС EN 13197, а ЈКП Илинден ја опишува бојата, но не повикува на конкретен стандард.

Но, и во оваа група институции постојат проблеми при набавката. Скопското ЈП Улици и патишта спровел тендер во март–април 2025 година, кој бил составен од три дела (дел 1: боја за патишта, разредувач и стаклен перлит; дел 2: самолеплива лента; и дел 3: ладна пластика). Претпријатието склучило договор за првите два дела, додека постапката за ладна пластика била поништена. Во есента 2025 година е спроведен нов тендер за набавка на ладна пластика, но и тој е поништен, по што во тек е трета постапка, со рок за доставување понуди до 10 јули 2026 година. Ова укажува дека повторените неуспешни постапки за набавка на ладна пластика можат директно до го нарушат континуитетот во снабдувањето со овој клучен материјал за хоризонтална сигнализација, поради што обележувањето на улиците во Град Скопје не може да се изведува ниту со предвидениот квалитет, ниту со потребната динамика.

Анализата открива дека разноликоста во поставувањето на стандардите за бојата не се отсликува во цената. Како што може да се види од графичкиот приказ, цените за 1 килограм боја се движат од 132 денари, кај ЈП Улици и патишта Скопје, до 296 денари, кај ЈП Стипион Штип.

Цени по кои е купувана белата боја за бележење на улици во 2025 година (цена за 1 кг бела боја)

Вака големите разлики во цените, коишто не можат да се објаснат со техничките карактеристики и стандарди што биле барани за бојата, делумно можат да се објаснат со купените количини. Имено, ЈП Улици и патишта Скопје купиле 30.000 кг боја, и оттука секако дека овие големи количини имале влијание брз цената. Но, од 7-те институции вклучени во ова рангирање, само 3 имале наведено количини, и тоа се, покрај скопското јавно претпријатие, Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општината Битола и ЈП Плаваја Радовиш. Притоа, битолското јавно претпријатие набавило 15.000 килограми бела боја, а Плаваја 600 килограми. Останатите претпријатија немаат наведено количини, што е всушност неправилно постапување бидејќи не овозможува фирмите да имаат јасен увид кога ги одредуваат своите цени.

Количини за кои е барана цена во тендерската документација

Со оглед на тоа што секоја општина или јавно претпријатие што купувало боја набавувало и перлит и разредувач, за да се добие појасна слика, направена е и збирна цена за овие 3 производи. Произлегува дека има мали промени, но првото и последното место се непроменети. Трошоците на ЈП Улици и патишта Скопје се најниски и изнесуваат 358 денари за 1 кг бела боја, 1 кг перлит и 1 литар разредувач, а највисоките трошоци ги има ЈП Стипион Штип со 583 денари.

Цени по кои е купуван материјалот за бележење на улици во 2025 година (вкупна цена за 1 кг бела боја, 1 кг перлит и 1 литар разредувач)

  1. Бележење на улиците од страна на приватни фирми

Од 18 општини и јавни претпријатија кои спровеле тендер за набавка на услугата за бележење на пешачки премини и други ознаки на улиците, во дури 11 општини (Берово, Крива Паланка, Делчево, Гази Баба, Кисела Вода, Прилеп, Сопиште, Тетово, Дебар, Ресен и Ѓорче Петров) не е даден никаков опис на бојата која треба да се користи, односно најчесто се користи терминот „боја за патишта“. Тоа значи дека изведувачот може да употреби каква и да е боја и формално да го исполни договорот – без никаква одговорност за тоа колку ќе траат линиите на улицата.

Со цел да се обезбеди споредливост на податоците, општините што користеле услуги од приватни фирми за бележење на улици се поделени во две групи. Првата, во која се прикажани општините што во бележењето барале само да има боја, и вторите, каде што е барана боја и прелит. Притоа, Општина Дебар, чија цена за бележење изнесува високи 690 денари за 1 м2, не е вклучена во ниту една од двете групи затоа што во тендерската документација никаде не е наведено дали изведувањето на хоризонталната сигнализација на асфалтни патишта низ Град Дебар треба да се направи со боја или можеби со ладна пластика. Немањето на јасни насоки во тендерската документација води кон тоа работите да се изведат на начин што ќе им овозможи поголема заработка на носителите на договори, но сепак, со цел анализата да биде максимално прецизна, општината не е вклучена во рангирањата.

Како што може да се види од следниот графички приказ, цените за услугата за бележење покажуваат огромни разлики, особено во групата општини која од фирмите барала услуга за  бележење со боја и стаклен перлит за метар квадратен.

Бележење со боја и стаклен перлит

Кај бележењето со боја и стаклен перлит, цените се движат од 281 до 802 денари за м². Ова е разлика од речиси 4 пати меѓу Општина Петровец и Општина Гостивар. Во цената на Општина Петровец е вклучено и чистењето на улиците пред бележењето, бидејќи оваа обврска на фирмите посебно ќе биде платена.

Попрецизен опис на бојата и стаклениот перлит имаат наведено општините Петровец, Кичево и Гостивар. Ова е значајно бидејќи произлегува дека општината која дала технички карактеристики на бојата за бележење и стаклениот перлит (вискозност, густина, индекс на рефлексија, итн.), а тоа е Општина Петровец, има пониска цена од општините кои не го дефинирале квалитетот на белата боја и перлитот. Станува збор за општините Кисела Вода, Прилеп, Сопиште и Тетово.

Гостивар, која има највисока цена во тендерската документација, наведува дека за бојата и термопластиката која ќе се користи, фирмата треба да докаже дека го задоволува стандардот UNE -EN 1436:2009 + A1:2009. Конкретната цена од 802 денари за метар квадратен со која Општина Гостивар е вклучена во рангирањето се однесува на пешачки премин со бела боја и перла. Обележување на пешачки премин со топла бела пластика и перла во Општина Гостивар е посебна ставка и чини 1.003 денар и за метар квадратен.

Обележување пешачки премин со топла бела пластика и перла има и Општина Тетово. Но, таа услуга, која чини 2.006 денари за метар квадратен, не е вклучена во рангирањето.

Цени на услуга за бележење за 1 м2 со бела боја и стаклен перлит во 2025 година

Разликите во цените кај овие општини не може да се објаснат ниту со количините од едноставна причина што ниту една од нив во тендерската документација нема наведено за колку метри квадратни се бараат услугите.

Бележењето само со бела боја

Кај бележењето само со боја, цените се движат од 152 до 378 денари за м². На дното е Берово, а на врвот Општина Илинден. Иако разликата помеѓу најниската и највисоката цена изнесува 149 % односно највисока цена е два ипол пати повисока. Притоа, симптоматично е дека и кај двете општини недостига прецизен опис на бојата што ќе се користи.

Ова е можеби очекувано кај општината со најниска цена (Берово), но е зачудувачки што опис на бојата нема и кај општината со највисока цена (Гази Баба) која е со едно од највисоките цени (295 денари за м2). Општина Илинден која има највисока цена од 378 денари за м2 бележење на пешачки премини бара економските оператори задолжително да достават потврда за квалитет (Атест) за бојата за патишта која што ја нудат, но не се повикува на конкретен стандард што го гарантира квалитетот на бојата.

Поконкретно, во спецификацијата на набавката од мала вредност на Општина Берово се вели: „Обележување на хоризонтална сигнализација со бела боја за патишта на улици во Општина Берово“, а во тендерската документација на Општина Гази Баба се вели: „Изработка на пешачки премини со боја за патишта“.

Во оваа група на општини, само Општина Пробиштип има јасно наведено стандард MKC EN 1436:2018 што треба да го дефинира квалитетот на материјалот. Општините Струга, Охрид и Неготино не упатуваат на стандард, туку укажуваат на конкретни вредности за густина, моќ, абење итн. Сите останати општини немаат наведено стандарди и карактеристики кои ќе го гарантираат квалитетот на бојата.

Цени на услуга за бележење за 1 м2 со боја во 2025 година

Разликите во цените не можат да се објаснат ниту со количините во м2 кои се планирани да се изведат. Како што може да се види, Општина Берово, чија цена е најниска, планирала количини од 1.950 м2 и тие се помали од количините на Општина Делчево од 2.268 м2. Воедно, во групата со ниска цена е и Општина Струга која нема наведено количини, еднакво како што тоа ги немаат  општините Гази Баба и Илинден, чии цени се највисоки.

 Количини на услугата за бележење за 1 м2 со бела боја во 2025 година

Резултатите од ова истражување покажуваат дека проблемот со невидливите пешачки премини не е случаен – тој е последица на начинот на којшто општините ги спроведуваат обврските кои ги имаат во однос на хоризонтална сигнализација на патиштата. Без минимални стандарди, без доследна контрола и без редовност, јавните пари продолжуваат да се трошат, а улиците остануваат исто толку небезбедни.

Воедно, разликите меѓу општините и отсуството на постапки укажуваат на недоволно стандардизирана практика и потенцијална нееднаква примена на обврските за хоризонтална сигнализација. Ваквата состојба сугерира потреба од појасно дефинирани обврски, унифицирани практики и поактивно следење на реализацијата на ваквите набавки на општинско ниво.

* * *

Ова истражување е спроведено врз основа на податоците преземени од Електронскиот систем за јавни набавки за периодот 2023 – 2025 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК

Продолжи со читање

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

  • Велешките гемиџии и извидници учесници на рафтинг манифестација “Неретва и пријателите 2026 – Битката на Неретва“

    Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва. Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе…

  • GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство

    Последни новости GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство Од 1 до 4 јули 2026 година, речиси 40 средношколки од околу 15 градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот GLOW 2026 (Girls Leading Our World) – уникатно лидерско искуство организирано од ИМКА во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Направен со цел да ја инспирира следната генерација млади лидерки, кампот GLOW ги обедини практичното учење, авантурата во природа и креативноста во средина каде што секоја учесничка беше охрабрена да ги открие своите силни страни, да ги поддржува другите и да ја изгради својата самодоверба. Во текот на четиридневната програма, учесничките следеа интерактивни работилници засновани на столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку практични активности, тие развиваа критичко размислување, способност за тимска работа и лидерски вештини кои ќе можат да ги применуваат во своите училишта и локални заедници. Покрај едукативниот дел, програмата понуди богата палета рекреативни активности, меѓу кои креативни работилници, куглање, олимписки игри и забавни водени предизвици кои поттикнуваа тимски дух и здрава конкуренција. Еден од највпечатливите моменти беше престојот во Националниот парк Пелистер, каде што девојките кампуваа во шатори, го совладаа адреналинскиот парк, и уживаа во пешачење и истражување на шумата преку интерактивна потрага по природни богатства. Влијанието на кампот најдобро го опишаа самите учеснички: Неверојатната енергија на сите! Секоја активност беше одлично организирана, сите беа гостопримливи и пријателски настроени, а заедно доживеавме толку многу нови искуства. Најмногу ми се допадна што конечно направив работи за кои отсекогаш сум сонувала, и тоа опкружена со прекрасни девојки на моја возраст! Посебно ми значеше чувството на топлина и сигурност што го создаде просторот исполнет со жени кои се поддржуваат меѓусебно. Друга учесничка го истакна богатството на програмата: Секој ден беше исполнет со различни и уникатни активности, така што ниту еден ден не беше ист како претходниот. Советничките беа прекрасни, секогаш позитивни и полни со охрабрување. За многу девојки, токму пријателствата создадени за време на кампот останаа највредниот дел од целото искуство: Најмногу ми се допадна заедништвото што го создадовме во кампот – атмосфера исполнета со поддршка и пријателски дух. Имав чувство дека сме во еден посебен свет исполнет со љубов и добрина, далеку од суровоста што понекогаш ја носи секојдневието. А и храната беше одлична! Влијанието на кампот продолжи и по неговото завршување, а родителите забележаа позитивни промени кај своите ќерки. Еден родител сподели „Забележав дека стана поотворена и ме изненади колку многу енергична беше кога се врати дома. Ми се чини дека стекна и многу поголема храброст отколку порано. Беше пресреќна и веднаш ми кажа дека следната година повторно сака да учествува.“ Други родители истакнаа промени како: Подобри комуникациски вештини. Поголема самодоверба. Порасположена е, посигурна во себе и полна со прекрасни впечатоци. Следното лето дел од овогодишните учеснички ќе имаат можност да го продолжат своето лидерско патување преку пријавување во програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА, преку која младите развиваат лидерски, комуникациски, менторски и волонтерски вештини во текот на учебната година, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите. Преку оваа лидерска патека, ИМКА инвестира во младите не само како учесници на камповите, туку и како идни ментори и лидери кои ќе ја инспирираат следната генерација.

  • Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“

    Како дел од подготовките за седмото издание на списанието „Правен фокус“, од 14 до 16 август во Охрид се одржа обука посветена на стандардите за академско пишување. Обуката беше наменета за избраните автори кои ќе подготват стручни статии за новото издание, посветено на темата „Помеѓу […]
    The post Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“ appeared first on Myla.

  • Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери

    Последни новости Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери Од 23 до 25 јуни 2026 година, ИМКА Македонија го организираше дневниот камп SPARK во Битола – три незаборавни дена исполнети со авантура во природа, развој на лидерски вештини и учење преку практично искуство. Кампот беше реализиран во партнерство со Мировниот корпус, Педагошкиот факултет, Технолошко-техничкиот факултет и алумни на камповите на ИМКА. Активностите се одржуваа во шумскиот простор во близина на Педагошкиот факултет, кој овозможи безбедна и инспиративна средина за учење, дружење и стекнување нови пријателства. Во текот на трите дена, учесниците беа дел од разновидни активности инспирирани од лидерските столбови на ИМКА – личен развој, лидерство, граѓанска одговорност и заштита на животната средина. Преку искуствено учење на отворено, тимски предизвици, олимписки игри и забавни водени активности, децата ги развиваа својата самодоверба, соработката и тимскиот дух. Еден од највозбудливите моменти беше еднодневната посета на Националниот парк Пелистер. Таму учесниците ги тестираа своите способности во адреналинскиот парк, а потоа учествуваа во организирана прошетка низ шумските патеки. Овие активности ги поттикнаа да излезат од својата комфорна зона, да се охрабруваат меѓусебно, да градат отпорност и истовремено да ја запознаваат и ценат природата на Македонија. SPARK претставува прв чекор во лидерската патека на ИМКА. Како дневен камп наменет за ученици од основно образование, тој ги подготвува младите за следната фаза – лидерските кампови за средношколци Girls Leading Our World (GLOW) и Young Men’s Leadership Project (YMLP). На тој начин, учесниците добиваат можност континуирано да ги развиваат своите лидерски способности, чувството за заедница и личната одговорност. Влијанието на кампот SPARK продолжи и по неговото завршување. Во анкетите по кампот, родителите дадоа исклучително високи оценки за целокупното искуство, истакнувајќи дека кај нивните деца забележале поголема самодоверба, независност, нови пријателства и уште поголем ентузијазам за учење преку активности во природа. Нивните позитивни впечатоци се уште една потврда за заложбата на ИМКА да создава безбедни, квалитетни и трансформативни програми за млади. ИМКА упатува искрена благодарност до координаторите, советниците, персоналот и сите поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на SPARK 2026. Благодарение на нивната посветеност, младите добија можност да ги откријат своите потенцијали, да создадат спомени за цел живот и да ги направат првите чекори на своето лидерско патување.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор