ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК
Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективи за Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена на подигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата.
Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадени за време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025 година, во рамки на ноемврискиот #ЗеленПеток. Преку уметноста, младите ги изразија своите
гледишта, грижи и визии поврзани со еколошките предизвици и иднината на животната средина во Прилеп.



На настанот учество зедоа младите кои беа дел од ликовната работилница, еко амбасадорите и тимот на здружението, локални еко активисти, како и претставници од Општина Прилеп и ЈКП Комуналец Прилеп.
Како симболичен чин на споделување заедничка визија и одговорност, дел од уметничките изработки беа подарени на институции кои делуваат во областа на животната средина на локално ниво. Овој гест има за цел да поттикне понатамошна соработка и заеднички еколошки акции во текот на наредната година.



Настанот се одржа во форма на предновогодишна средба за вмрежување, испраќајќи порака дека грижата за животната средина е заедничка одговорност и дека токму преку партнерства и активна вклученост може да се создадат одржливи промени во локалната заедница.



*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната
средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.#EUwithYоu, #ЕУсоТебе, #goodgovernance4greenagenda #добровладеењезазеленаагенда #GG4GA



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42953](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/10-1024x768-1.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42943](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/r1-fotor-naslovna.png)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42780](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/plarforma.jpg)
