[Aggregator] Downloaded image for imported item #43547

„Ознака за доверба“ за нови две граѓански организации

На нови две граѓански организации здружението Конект и независен одбор доделија Ознака за доверба. Тие достигнаа високи стандарди и ги исполнија критериумите за стекнување на ознаката за доверба од целосно ниво.

Здружението „Конект“ во континуитет и посветено работи на зголемување на довербата во граѓанскиот сектор. Ознаката за доверба како систем има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат за цели од јавен интерес.

Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива. Ознаката претставува стандард за добро работење, ја доделува здружението Конект со независен одбор, а процесот вклучува многу детални проверки на политиките, практиките и работата на организациите.

„Критериумите на Ознаката за доверба се навистина високи – и токму тоа ја прави вредна,“ истакна програмскиот директор на Конект, Виктор Мирчевски на доделувањето на сертификатите за Ознаката во рамки на настанот „Ден за благодарност“ на здружението Конект. Тој појасни дека „Компаниите и граѓаните од Конект бараат препорака за сигурни партнери во кои можат да веруваат. Со Ознаката за доверба, ние со целосна сигурност можеме да им препорачаме организации каде нивните донации ќе создадат најголемо влијание.“

Овие организации се проверени и препорачуваме да ги поддржите:

  • Кризен центар Надеж;

„Кризен центар Надеж“ веќе 20 години нуди поддршка и помош за жените кои поминуваат низ тешки животни искуства кои ги носи со себе насилството. Организацијата континуирано работи на застапување, едукација и директна поддршка за прекин на кругот на насилство врз жените и семејното насилство, преку промени на индивидуалните и општествените верувања, ставови и однесувања кои генерираат насилство. Националната СОС линија 15-315 и Телефонот на Доверба 02/3 173-424 се достапни за целата територија на Р.С.Македонија, 24 часа седум дена во неделата. Информациите што се споделуваат на СОС телефонот се доверливи и се внимава на зачувување на приватноста. „КЦ Надеж“ обезбедува емоционално зајакнување на жртвите на семејно насилство, како и првична правна помош преку едукација на жртвите. Жртвите на семејно насилство добиваат и заштита, психосоцијална поддршка, советување, задоволување на нивните елементарни потреби (храна, облека, постелнина, хигиенски средства и лекови).

  • Организација на жените на општина Свети Николе;

„Организацијата на жените на општина Свети Николе“ (ОЖОСВН), наследничка на поранешното женско движење во Македонија, од 1990 година функционира како независна организација. Во своето повеќедецениско делување, ОЖОСВН посветено работи на подобрување на положбата на жените, децата и младите во општеството, со особен акцент на здравствената заштита и поддршката на жените заболени од малигни болести. Организацијата ги препознава младите како двигатели и креатори на позитивни промени во заедницата. Затоа, активно вложува во нивно образование и надградување на знаењата и вештините преку неформални методи, поддржува младински иницијативи и го поттикнува волонтерството и младинскиот активизам. Покрај тоа, ОЖОСВН работи на подигање на јавната свест за важни општествени прашања како семејното насилство, трговијата со луѓе, родовата еднаквост и спречувањето на дискриминација.

Ознаката за доверба е само-регулирачки систем што се обновува на 3 години.

Покрај двете нови организации (Кризен центар Надеж и Организација на жените на општина Свети Николе), досега шест граѓански организации од земјава се стекнаа со ознака за доверба од целосно и основно ниво.

Донирајте со полна доверба во овие организации и соработувајте со нив за заеднички да создадеме подобри заедници.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор