Конференција за воведување систем за квалитет во граѓанското општество

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) организира конференција „Добро управување во граѓански организации: Воведување на Системи за квалитет во управувањето“. Настанот ќе се одржи на 14 јуни 2017 во ЕУ Инфо центарот.

Програмата ќе ја отворат Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП, Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка при канцеларијата на делегацијата на Европската унија во Македонија.

Првиот дел од конференцијата се однесува на меѓународните практики и искуства каде Вероника Водлан  од Центарот за информирање, соработка и развој (ЦНВОС) ќе презентира за процесот на воведување на Систем за квалитет во управувањето (СКУ) во граѓанските организации од Словенија, додека Илина Нешиќ од Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) ќе ги претстави глобалните стандарди за отчетност.

Вториот дел e посветен на националните практики, искуства и сознанија, а ќе се дискутира за елементите на моделот за квалитет во управувањето од страна на Елизабета Марковска Спасеновска, и за моделот за систем на стандардизација ИСО 9001, од страна на Меѓаши.

Третиот дел предвидува осврт на нивото на организација и практикувањето вредности во граѓанските организации, кој ќе го даде Даниела Стојанова, Национален координатор на програмата Цивика мобилитас; а потоа ќе следи работилницата „Препораки кон моделот СКУ, развиен во рамки на проектот“.

Целта на конференцијата е да отвори дискусија за потребата од воведување на систем за квалитет во граѓанското општество и развивање на стандарди за добро управување во нивото на организација и практикувањето на вредности.

Сите заинтересирани можат да се пријават на cvetkovski@crpm.org.mk и на 02 3109 932. Патните трошоци се на товар на организаторот.

Центарот за истражување и креирање политики е корисник на специфичен акциски грант од Цивика мобилитас. Повеќе информации околу ова можете да најдете на нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор