[Aggregator] Downloaded image for imported item #51025

Како да побарам помош?

Не си сама. Побарај поддршка.

Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“

Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата.

 

Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи.

Обраќањето до нас е можност да разговараш со стручно лице во безбедна, доверлива и неосудувачка средина и да добиеш информации за опциите што ти стојат на располагање.

  1. Каква поддршка можеш да добиеш?

Во Станица ПЕТ можеш да добиеш:

Психосоцијална и психолошка поддршка – Разговор и стручна поддршка за справување со страв, стрес, вознемиреност, трауматски искуства, чувство на вина, беспомошност или други последици од насилството.

Психотерапевтска поддршка
Можност за индивидуални средби со психотерапевт и поддршка во процесот на справување со тешките искуства, зајакнување на личните ресурси и повторно градење чувство на сигурност.

Правна поддршка – Информации за твоите права, можностите за заштита и достапните правни постапки, како и насочување кон соодветните институции и услуги.
‍ Поддршка за жени и деца – Поддршка и информации при ситуации во кои се засегнати и децата, со насочување кон соодветните служби согласно потребите на случајот.

2. Не знаеш од каде да почнеш?

Не мораш да имаш подготвена приказна. Не мораш да знаеш која институција треба да ја контактираш. Не мораш веднаш да донесеш одлука.

Можеш само да ни напишеш или да ни кажеш: „Ми треба помош.“

Ќе разговараме со тебе за ситуацијата и ќе те информираме за можностите за понатамошна поддршка.


3. Како можеш да нè контактираш?

Телефон / Viber / WhatsApp: 076/278-753

E-mail: poddrska@stanicapet.org.mk

Во живо: ул. „Прилепски бранители“ бр. 24/1 – мезанин, Прилеп

Можеш да ни се јавиш, да испратиш порака преку Viber или WhatsApp, или да ни пишеш на e-mail.

Твојата безбедност, достоинство и доверба се на прво место.


Ако си во непосредна опасност

Ако во моментот постои непосредна опасност по твојот живот или безбедност, побарај итна помош.

112 – единствен број за итни случаи

Бројот 112 е достапен 24/7 за итни случаи и преку него се координира соодветната итна помош.

Полиција – 192

Доколку ти е потребна полициска интервенција, можеш да ја контактираш полицијата на 192.

Итна медицинска помош

Во итна здравствена состојба можеш да побараш итна медицинска помош; бројот 112 може да се користи за итни случаи.

Центар за социјална работа

Центарот за социјална работа е дел од системот за заштита на жртвите на семејно насилство и соработува со други институции и служби при преземање мерки за заштита.

Не мораш сама да знаеш која институција треба да ја контактираш – можеш прво да се обратиш до Станица ПЕТ и да побараш информации и насочување.


This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

    Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, […]

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

  • Програми за обука и прирачници за Повелбата на ЕУ и постапките пред Судот на правдата на ЕУ

    Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на регионалната судска соработка на Западен Балкан за ефективно водење постапки пред Судот на правдата на Европската Унија и примена на Повелбата на ЕУ за фундаменталните права“, поддржан од Кралството Холандија, развиени се две програми за обука и прирачници посветени на клучни аспекти од примената на правото на Европската […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор