20180411 Nov kontakt

Јавна трибина „Граѓанското општество – мост за соработка со дијаспората“

Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт“ организира јавна трибина „Граѓанското општество – мост за соработка со дијаспората“, посветена на улогата на граѓанските организации од Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји, во градење на континуирана меѓусебна соработка, како и континуирана соработка со матичната земја. Настанот ќе се одржи на 13 април во хотелот Континентал во Скопје.

На трибината, меѓу другите, ќе дискутираат Едмонд Адеми, Министер за дијаспора; Александар Кржаловски, Македонски центар за меѓународна соработка; Никола Шалваринов, Агенција за иселеништво на РМ; Вероника Томова, Обединета македонска дијаспора- САД; Исмет Балажи, Центар за развој на заедницата- Кичево.

Целта на настанот е да се поттикне зајакнување на врската со македонската дијаспора, како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности.

Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт“ е корисник на мал акциски грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор