[Aggregator] Downloaded image for imported item #43665

Јавен повик за изразување интерес за бесплатно поставување на инструменти за мерење на квалитетот на воздухот

Здружение на еколозите „Натура“ – Струга за потребите на проектот “Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион” поддржан  од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, објавува

Повик 1/2026: за изразување интерес за бесплатно поставување на инструменти за мерење на квалитетот на воздухот

Информации за проектот:

ИМЕ: Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион

НОСИТЕЛ: Унија на еколози „Натура“ – Струга

ПАРТНЕРИ: Извидничи одред „Мирко Милески“- Кичево

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.01.2026 година – 31.12.2026 година

Цели на проектот

Општата цел на проектот е подобрување на управувањето со квалитетот на воздухот преку зголемено граѓанско учество, пристап до податоци и соработка со општините во Југозападниот регион.

Проектот има три специфични цели:

  1. Воспоставување на мрежа од најмалку 30 граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во општините Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево.
  2. Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за граѓански мониторинг, анализа и користење на податоци за креирање политики.
  3. Поттикнување дијалог и заедничко планирање меѓу граѓаните и општините за политики за чист воздух, преку формирање Регионален граѓански совет за воздух.

Планирани активности

За постигнување на целите, проектот ги предвидува следните клучни активности:

  • Мапирање и избор на соодветни локации за поставување на инструментите за мерење на воздухот.
  • Координација и воспоставување формална соработка со петте општини преку меморандуми за соработка.
  • Набавка, инсталација и поврзување на 30 инструменти Климерко со јавната платформа www.klimerko.org.
  • Спроведување информативна кампања за подигање на јавната свест за загадувањето на воздухот.
  • Развивање програма и прирачник за обуки за граѓански мониторинг и застапување.
  • Организација на три еднодневни обуки и формирање локални групи на „еко-набљудувачи“.
  • Формирање Регионален граѓански совет за воздух и организирање јавни форуми во сите општини.
  • Подготовка на заеднички препораки и планови за локални политики за чист воздух.
  • Организација на регионална завршна конференција за презентација на резултатите и идните чекори.

Очекувани резултати

На крајот од проектот се очекуваат следните резултати:

  1. Функционална регионална мрежа од 30 инструменти за мерење на квалитетот на воздухот, со јавно достапни и транспарентни податоци.
  2. Зајакнати капацитети на 100 граѓани, наставници и млади, кои активно учествуваат во мониторинг и застапување за подобар квалитет на воздухот.
  3. Воспоставен структуриран и континуиран дијалог меѓу граѓаните и општините, преку Регионалниот граѓански совет за воздух.
  4. Изготвени и доставени препораки за политики за чист воздух до најмалку пет општини, засновани на реални податоци и учество на заедницата.

ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК

📢 ЈАВЕН ПОВИК
за изразување интерес за поставување инструменти за мерење на квалитетот на воздухот

Во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, кој го спроведува Здружението на еколози „Натура“ – Струга во партнерство со Извидничкиот одред „Мирко Милески“ – Кичево, подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас се објавува:

👉 Јавен повик за граѓани и институции
за БЕСПЛАТНО поставување инструменти за мониторинг на квалитетот на воздухот во нивните домови или институции.


🏫 Кој може да аплицира?
• Граѓани (приватни лица)
• Јавни институции (училишта, детски градинки,општини)
• Организации и други субјекти од јавен интерес

во општините:
Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево


📍 Минимални услови:

• Локацијата да биде соодветна за поставување на инструментот
• Да има стабилен пристап до интернет (Wi-Fi)
• Подготвеност за соработка за време на траењето на проектот


📝 Како да аплицирате?
Сите заинтересирани треба да го пополнат онлајн прашалникот, во кој ќе дадат информации за:
• локацијата,
• достапноста на интернет,
• типот на објектот (јавен/приватен).

📌 По завршување на повикот, проектниот тим ќе спроведе теренска анализа и ќе избере 30 најсоодветни локации во 5-те општини.


Рок за аплицирање: до 25 февруари 2026 година

Линк за аплицирање👉 https://forms.gle/UGmPcEoB6vFJ7RXv5

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите Натура – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

#CHinMK #CivicaMobilitas

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • Честит 8ми Март

    На ден пред меѓународниот ден на жената 8ми Март, на 7.3.2026 год. (сабота) извидниците од Велес изработија честитки кои ќе бидат доделени на своите мајки, баби и тетки, а и на сограѓанките на Велес. Со ова членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ке го честитаат празникот 8ми март…

  • 28 години братско живеење

    Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република…

  • Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

    Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

  • „Снаоѓање“ или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем

    Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Посилни системи, поправедна грижа: елиминација на корупцијата во здравството“. Целта на овој 18-месечен проект е да се идентификуваат проблеми со корупцијата во здравствениот систем на Северна Македонија и преку поттикнување поголема транспарентност, отчетност и родово чувствително управување да се унапреди еднаквиот пристап…

  • Повик за прибирање на понуди за сместување и одржување на обуки

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за ангажман на Експерт/Експертка за едукација на новинари и известување за корупцијата во здравството

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор