[Aggregator] Downloaded image for imported item #48689

Инклузивното здравство како заедничка институционална обврска

Во Собранието на РМ се одржа настанот „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, организиран од партнерските организации Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености-Велес, Порака-Неготино и Еко-Живот-Кавадарци, во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, финансиски поддржан од Швајцарската Влада преку Civica Mobilitas, како проектна активност реализирана во соработка со Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со попреченост и Zeta Disability.
На настанот присуствуваа околу 120 учесници, меѓу кои Министерот за здравство, директорот на Фондот за здравствено осигурување, пратенички, претставници на институции, граѓански организации и семејства на лица со попреченост. Присуството и активното учество потврдија дека ова прашање бара координиран и сериозен институционален пристап.
Во рамки на настанот беа презентирани наоди од анализата за системските предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост при остварување на правото на здравствена заштита, како и конкретни предлози за унапредување на постојните политики.
Клучни заклучоци:
Обезбедување платен придружник на товар на Фондот за здравствено осигурување при болнички престој и бањско-климатско лекување, кога тоа е неопходно поради попреченоста
 Овозможување користење на правото на бањско-климатско лекување повеќе од еднаш годишно, согласно медицинската состојба и индивидуалната проценка
 Воспоставување мрежа на регионални рехабилитациони центри за лица со попреченост, со цел достапни, континуирани и квалитетни услуги поблиску до местото на живеење
 Предложени мерки за системско унапредување:
Ортопедските помагала обезбедени на товар на ФЗО да бидат целосно усогласени со индивидуалните потреби, со можност за избор и со проверен квалитет
Адаптација на здравствените установи на сите нивоа за целосна физичка, сензорна и комуникациска пристапност
 Воведување задолжителна и континуирана обука за здравствените работници за работа со лица со попреченост, базирана на човекови права и достоинство
 Унапредување на системот „Мој термин“ со механизми за приоритетно закажување за лицата со попреченост, особено за лицата со зголемени потреби од поддршка
Инклузивното здравство не е опција туку тоа е предуслов за еднаквост, достоинство и одржлив здравствен систем.
Како организатори, остануваме посветени на продолжување на дијалогот и претворање на овие заклучоци во конкретни политики и реални промени.


The post 🦽 Инклузивното здравство како заедничка институционална обврска appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор