[aggregator] downloaded image for imported item #37421

Граѓански импулс #7: месечен осврт на активностите на грантистите

Во јули доминираа активностите на грантистите на Цивика мобилитас насочени кон јакнење на родовата еднаквост и социјалната инклузија. По нив следуваа иницијативите посветени кон заштита на животната средина и подобрување на образованието.

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поднесоа тужба од јавен интерес против Владата и Министерството за здравство, барајќи измени во Законот за здравствено осигурување за да се обезбеди еднаков третман за жените земјоделки, кои се исклучени од правото на платено породилно отсуство и покрај тоа што редовно плаќаат здравствено и социјално осигурување. Комисијата веќе потврди дека постојат продолжена и индиректна дискриминација, а тужбата има за цел да ја надмине оваа нееднаквост и да ја зајакне заштитата на репродуктивните и работничките права на овие жени. Тужбата е поднесена како дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, поддржан од Владата на Швајцарија, преку Цивика мобилитас.

Screenshot 2025 08 19 101120

ХКЧП во партнерство со ХОПС-Опции за здрав живот и Коалција Маргини, на 23 јули одржаа обука за членовите и вработените на КСЗД, со цел да се подобри разбирањето за предрасудите, стигмата и дискриминацијата кон ЛГБТИ лицата, лицата кои користат дроги и лицата со ХИВ, и да се зајакнат капацитетите за инклузивен пристап во нивната работа. Експертите од Мрежата за заштита од дискриминација посебно се осврнаа на препознавањето на личните предрасуди и начинот на кој членовите на Комисијата можат да бидат сојузници во заштита на правата на маргинализираните заедници.

Женската граѓанска иницијатива (ЖГИ) Антико заедно со партнерските организации „Секогаш Соживот“ и Адрион, во Кичево организираа информативна и едукативна сесија посветена на економско јакнење на жените. Преку проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, учесничките добија информации за пристап до институции за микрофинансирање, грантови и програми за развој на бизнис-идеја.

антико

Во Неготино, Порака Неготино, ЕКО-ЖИВОТ од Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, го доближија медицинскиот персонал со реалноста на лицата со попреченост преку одржување на три средби. Првата средба ги обедини докторите и пациентите, меѓу кои д-р Розјана Николова Јанева и д-р Аспарух Димковски, кои ги споделија своите професионални искуства, а лицата со попреченост и нивните старатели зборуваа за предизвиците и очекувањата, трасирајќи пат кон поемпатична и пристапна здравствена услуга. Втората сесија, одржана на 7 јули во Еко кампот на езерото „Младост“ кај Велес, ја пренесе оваа енергија во отворена и инспиративна средина, каде медицинските работници учеа за протоколите за опфат и третман, но и ја слушнаа силата на личните приказни, а истото се случуваше и на последната средба на 11 јули, во ресторан „Бриони парк“ во Кавадарци. Средбите  и презентациите со медицинскиот персонал се дел од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“.

520451846 122142800348754011 356607761291721131 n

Форумот за разумни политики, Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје (ИОХН-С) и Балканскиот институт за регионална соработика (БИРС) ја објавија студијата „Од политички реформи кон реформи базирани на експертиза“, која, според м-р Бардул Заими, укажува дека „Северна Македонија сè уште се соочува со длабоки предизвици поврзани со преминот од реформи што главно се засноваа на краткорочни политички интереси, кон одржливи и професионални реформи базирани на експертиза“. Ахмед Ќазими зборува за „Трансформацијата на универзитетите и нивните предизвици во модерната епоха“  и укажува дека образованието сè повеќе се третира како пазарен производ, што доведува до промени во улогата на универзитетот, кој треба да се трансформира од место за пренос на знаење во простор каде што значењето се гради заеднички. Студијата е дел од проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Во полето на животната средина, Еко зелено движење од Берово и Центарот за климатски промени организираа едукативен настани за превенција од шумски пожари. На 26 јули на плоштадот во Берово, заедно со локални жители, институции и активисти, беа одржани интерактивни сесии и панел дискусии за заштита на шумите, со посебен акцент на учеството на децата кои преку својата порака потсетуваат дека иднината зависи од денешните одлуки. Настанот испрати јасна порака за потребата од законски измени, подобра координација и поголеми вложувања во шумската заштита, како и активна улога на граѓаните и младите.

524445973 1189168799909554 5142824970178003296 n

Од тужби и обуки, преку едукативни сесии, јавни настани и студии, грантистите на Цивика мобилитас уште еднаш докажаа кога луѓето, идеите и посветеноста се здружени, секој месец може да биде месец на вистински промени.

 
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор