[aggregator] downloaded image for imported item #39635

Регионални активности, НСП

Изминатиот викенд во Битола, во организација на Независниот синдикат на полицијата (НСП), се одржаа активности на кои присуствуваа претставници од повеќе синдикални организации од регионот – меѓу кои и Сојуз на синдикати 5та СИЛА, како и четири независни синдикати од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од Гласен синдикат, беше присутна, Кристина Ампева, во улога на генерална секретарка на 5та СИЛА.

На средбите беа разменети искуства за поуспешно синдикално организирање и претставување на работниците.

Во рамки на настанот беше одржана и Првата меѓународна конференција на тема „Синдикално заложништво“, организирана од НСП.
Активно учество земаа:

  • претседателот на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација,
  • четири полициски синдикати – членови на Балканската полициска унија,
  • претставници од Министерството за внатрешни работи,
  • претставници од апелационите судови и адвокатската фела,
  • Сојуз на синдикати 5та СИЛА,
  • како и претставник на Фондацијата Фридрих Еберт – копје.

Заклучоците од конференцијата се насочени кон почитување на уставно загарантираното право на членување, односно не-членување во синдикат (негативно право на синдикално организирање).

Овие ставови беа разгледани низ призма на домашното законодавство, меѓународните конвенции и повеќе од 10 пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Заклучоците детално ќе бидат разработени и доставени до надлежните миниатерства, институции, како и Владата на Република Македонија, со барање за нивно доследно прифаќање и спроведување.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Ја затворивме пловната сезона за 2026

    На 19.9.2026 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ се организираше средба и свечена вечера за учесниците на регатата и каде се разгледаа сите активности на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“. На средбата беше презентиран и финсискиот извештај на овогодинешната регата кој ќе биде и предаден во Општина Велес пред Градоначалникот на Велес,…

  • Редовни контроли и еволуција на процесот на терен

    Изминативе денови направивме и теренски посети во останатите училишта во Општина Карпош со претставник од Одделението за животна средина од Општина Карпош, за да ја провериме состојбата со компостот во компостарите.
    Заклучивме, дека во некои од нив процесот сè уште трае и на компостот му треба уште малку време за целосно да се дооформи. Дадовме корисни совети за процесот и дискутиравме со директорите и наставниците како да се продолжи.

    Трпеливо чекаме наскоро, да ги „нахраниме“ и останатите училишни дворови со ова одлично природно ѓубриво!

    Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата и граѓаните.

    Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови.

    Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.

  • Моделот на ХЕРА станува регионален – Отворен прв центар за советување и поддршка на момчиња и мажи во Тирана 

    Моделот на ХЕРА за работа со момчиња и мажи ги надмина границите на Северна Македонија, придонесувајќи за регионално јакнење на експертизата и капацитетите за работа […]

  • ХЕРА со ОБСЕ И ДИК на Швајцарската „Програма за изборна поддршка” : Родовите дезинформации се закана за учеството на жените во изборите и за нивниот кредибилитет 

    Бројките од истражувањата покажуваат дека жените и мажите немаат ист пристап до институциите и во политиката, особено ако тоа се позиции кои одлучуваат или дефинираат […]

  • Од Скопје до Грац: Градот низ очите на велосипедистите

    Понекогаш, за да запознаеш еден град, доволно е да седнеш на велосипед и едноставно да тргнеш. Во рамки на проектот “SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE”, заедно со учениците од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје, отпатувавме во Грац, Австрија, за да го истражиме градот од поинаква перспектива – онаа на велосипедистите. Возевме низ улиците, ги следевме […]

  • МОТ усвои прва меѓународна конвенција за достоинствена работа во платформската економија

    Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја усвои Конвенцијата бр. 193 за достоинствена работа во платформската економија, првиот меѓународен трудов стандард посветен на работата преку дигитални платформи. Конвенцијата беше усвоена на 12 јуни 2026 година, на 114-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Новата Конвенција одговара на брзите промени…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор