IMG 3416 600x600

Презентација на проектот за медицинскиот персонал

На 2 јули 2025 во Хотел Парк Неготино ја реализиравме првата од три презентации – сесии посветени на запознавање на медицинскиот персонал со протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост.

Веќе знаете дека овие настани и целата иницијатива е овозможена во рамки на проектот со наслов “Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, во рамки на проектот на Civica Mobilitas Цивика мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, преку Embassy of Switzerland in North Macedonia a кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.

Искуство, препораки преплетени со случки од почетоците на група лекари и медицински пероснал кои се случиле кога некој од лекарите незнаејќи како и на кој начин да пристапи на некое лице со попреченост покажувале доза на “стигматизација“, НО НЕ затоа што сакале или ја имале намерата да го стигматизираат тоа лице со попреченост, туку баш напротив да не му зададат болка или дополнителен стрес на тоа лице.

Прва од лекарите кои се одважија и подготвија своја презентација беше д-р Розјана Николова Јанева која е гинеколог и укажа на своите почетоци и првите средби при преглед на кориснички од ДЦ на Порака Неготино од Неготино.
Д-р Розјана преку своја презентација даде свој личен пример но и препораки како и на кој начин би требало да се реализира еден конкретен и квалитетен гинеколшки преглед на женско лице со попреченост, посебно на лице со пречки во менталниот развој.

Со свој став и видување па и препораки се приклучи и д-р Аспарух Димковски чија што специјалност е стоматологијата и кој веќе долги години е и матичен сотматолог на лицата со пречки во менталниот развој на ДЦ Порака Неготино во Неготино.

Свои видувања и сугестии дадоа и присутните лица со попреченост, нивни старатели поставувајќи прашања, но давајќи свои гледишта како да се подготви едно лице за преглед кај одреден лекар.

Скоро па сите дадоа свој коментар за разликите кои постојат во јавното и приватното здравство, а тоа е насока во која ние како носители на оваа иницијатива би требало да ги насочиме своите сугестии и препораки.

Свој искрен став и препорака стигна и од г-дин Петров Ване дел од асоцијацијата на здруженија на лица со ретки болести за вметнување на дел во предлог измените на Законот за здравствена заштита, посебно во Законот за Мој Термин.
Сите учесници имаа што да кажат и препорачаат за остварување на целта на нашава иницијатива.

Благодарност до сите кои го исполнија денот со потребни – конкретни препораки кои ќе бидат вметнати во прирачникот кој ќе се изработи во периодот кој следи.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор