Debata Tetovo

Граѓаните Тетово добија мобилна апликација за пријавување диви депонии

На 17.03 2023 година во просториите на Општина Тетово, здружението Албаника организираше јавна дебата на тема: „Справување со комунален отпад и подигнување на свеста кај граѓаните на Тетово“ и изложба на фотографии на кои беа прикажани диви депонии во различни населени места во општината.  Покрај тоа, беше промовирана и телефонската апликација за анонимно пријавување диви депонии и лица кои фрлаат отпад на несоодветни места на целата територија на општината Тетово.

Вкупно 14 учесници на дебатата зборуваа за лошите навики на жителите и за потребата од засилен ангажман на општината и на комуналното претпријатие. „Јас секој ден се соочувам со ниската свест на сограѓаните во населбата во која живеам. Вообичаена глетка се малите депонии во близина на контејнерите на кои може да се видат: мебел, бела техника, санитарни материјали и којзнае уште какви не отпадоци кои им ја отежнуваат работата на вработените во комуналното претпријатие“, рече Илир Даути, граѓанин на Тетово. Тој изрази подготвеност да се вклучи во активности за подигнување на јавната свест, затоа што, како што рече, станува збор за иднината на децата и ако возрасните не се грижат сега, потоа ќе биде доцна. Даути смета дека апликацијата е токму тоа што им е потребно на граѓаните, затоа што оние кои ги прават дивите депонии треба да одговараат за тоа.    

debata Tetovo

Дел од граѓаните се информирале за оваа активност преку флаерите кои ги дистрибуирал тимот и волонтерите на Албаника. Тие сметаат дека ваквата иницијатива треба да добие поголемо внимание и од медиумите, за информацијата да стигне до сите.

Со оваа активност здружението Албаника не само што работи на подигнување на јавната свест туку ги потсетува и градоначалникот и локалните власти на нивните ветувања од предизборието кои се однесуваат на заштитата на животната средина. За време на дебатата, граѓаните побараа од локалните власти итно да ги отстранат дивите депонии, а комуналната инспекција да ги санкционира загадувачите. Заклучоците од дебатата писмено ќе му бидат доставени на градоначалникот на општина Тетово.

Одржувањето на јавната дебата, изложбата и подготовката на апликацијата беше овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

izlozba Tetovo

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор