Граѓанските организации ќе работат заедно за да ги подобрат политиките за рурален развој

Почнувајќи од 30 мај 2017 година. до денес, проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население – НПР”, организираше 4 средби со граѓанските организации во четирите плански региони: југоисточен, источен, југозападен и полошки регион, со цел да ги поттикне да дискутираат за можностите за нивна поголема вклученост во креирањето на политиките поврзани со руралниот развој, како и да идентификува организации кои активно работат во областа на руралниот развој. Вкупно 70 претставници на граѓански организации учествуваа на состаноците организирани во: Пехчево, Струмица, Струга и Тетово.
До крајот на јуни, проектот ќе организира уште 4 средби со граѓанските организациите за да ги претстави идните планирани активности и да поттикне поактивно учество на организациите во процесот на градење капацитети за вмрежување и застапување. На овој начин, проектот се стреми да го зајакне влијанието на граѓанското општество преку негово вклучување во креирањето на јавните политики, граѓански дијалог и процесите на донесување одлуки за подобрување на условите за живот во руралните средини.

Проектот, финансиран од Европската Унија,  започна да се спроведува во март 2017 год. од страна на трите партнерски организации: Фондацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) и Акција за рурален развој (АкРРа). Предвидено е активностите на проектот да опфатат 40 локални организации од руралните средини, просечно 5 граѓански организации во секој од 8-те плански региони во Македонија, вклучувајќи малцинства и повеќе етнички групи. Главниот метод за работа ќе биде обука, коучинг и практично учење, со што ќе се поттикнат руралните граѓански организации кон поголема активност во процесите за донесување на одлуки и создавање стратешки партнерства со локалните и националните власти.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор