НРЦ

Годишно собрание на НРЦ на Светскиот ден на ромскиот јазик

Националниот ромски центар денеска одржа редовно Годишно собрание на кое беа презентирани активностите и резултатите на здружението постигнати на локално и на национално ниво, како и преглед на активните проекти, а беа избрани и членови на Управниот одбор. Годишното собрание се одржува токму на Светскиот ден на ромскиот јазик, 05 ноември, а пак НРЦ прославува 15-годишен јубилеј.

Извршниот директор на здружението, Ашмет Елезовски посочува дека годинава, но и во изминатите 4 години, НРЦ континуирано се обидел да биде активен субјект во сите процеси во Македонија и да го развие што поефикасно граѓанското активно влијание во донесувањето на одлуките на локално и на национално ниво, и покрај тоа што работеле во тешки услови поради ковид пандемијата. Според Елезовски, се уште најгорливото прашање со кое се соочува ромската популација е дискриминацијата.

-Со појавата на ковид бевме целосно блокирани, паралелно со тоа имавме и една неочекувана ситуација, бевме поплавени, сега очекуваме судска разрешница, малку тешко оди, имавме и некои побарувања од донаторите, од ЕУ, и од сето тоа заклучив дека и кога си во криза, никој не прашува дали треба на некого да му се помогне, туку сите гледаат како да ти одземат нешто. Но, сепак НРЦ успеа ги преброди сите тие работи и со тимот со кој работиме повеќе од 15 години успешно функционираме и за жал една сме од повеќето организации на национално ниво што имаме вработени лица и сме посветени на работата и отворена канцеларија секој работен ден. Ретки сме, но, сепак кога треба да се додели нешто од фондовите, можам да кажам дека има многу не коректен пристап и од донаторите, дури и од локални и од националните, меѓутоа, таму каде што луѓето навистина се професионалци имаме поддршка и од локално и од национално ниво. Прашање е како да се реши проблемот на најдискриминираната нација во РСМ и во Европа, а тоа се Ромите. Во моментот не само што сме изолирани, туку сме сите ние заборавени бидејќи и политиката, а пред се ковидот, кој пак е поврзан со политиката си го направи своето, меѓутоа останува само ние да си работиме и да ги охрабриме граѓаните, да ја вратиме довербата, изјави Елезовски.

Националниот ромски центар нуди и бесплатна правна помош на ромската популација и другите социјално-ранливи категори кои што имаат потреба да добијат правен совет, упатување и објаснување за најразлични прашања од повеќе области. Дневно за помош од најразличен вид се јавуваат или доаѓаат директно во просториите на НРЦ и до 100 лица, вели Елезовски.

-Ние сме едни од официјалните овластени регистрирани здруженија за давање и пружање бесплатна правна помош и секојдневно кај нас се обраќаат од 20 – 60 граѓани од Куманово и општините од североистокот, но паралелно ако ги опфатиме и луѓето кои се јавуваат на телефон за советодавни услуги на ниво на државата, бројката достигнува до 100. Она што најчесто прашуваат во моментот е како да се справат со секојдневните проблеми предизвикани од ковид-19, а тоа е опстанокот. Сиромаштијата, за жал, никој не ја спомнува, има многу што да се одговара од многу структури и лица, па и јас на себе си велам дека и јас имам одредена одговорност бидејќи ако молчиме премногу, со тоа не правиме добро за никого, изјави Елезовски.

НРЦ успешно функционира 15 години, а е производ на секојдневната работа и едукација.

Здружението ја мотивира заедницата да сфати дека самата може да си помогне ако е информирана, ако ги знае регулативите за да може да ги пренесе на идните генерации.

„НРЦ успеа затоа што имаше цел – граѓаните да добијат сигурност дека нивните проблеми ќе бидат сослушани и разгледани со можни начини за решение“, посочуваат од Националниот ромски центар.

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор