Photo 2021 05 12 07 34

Французин и сервираше на Македонија формула за втора шанса за живот!

Професор Лионел Ростаинг, Клиника Гренобл, Франција

И во Македонија може да се спасуваат многу животи на лица кои имаат проблеми со многу органи, бубрези, црн дроб, срце…Но, треба сериозна програма за трансплантации, проактивност на надлежните, многу кампањи да се запознаат луѓето со органодарителството, бидејќи секој е потенцијален органодарител, само истото треба  да се детектира. За да се направи сето ова потребно е да се воспостави систем. Вака ја коментира ситуацијата во Македонија, еминентниот професор Лионел Ростаинг, нефролог, втор на европската листа на трансплантатори кој деновиве беше во посета на Македонија на покана на неговиот „ученик“ доктор Игор Николов од Клиниката за нефрологија кој своето образование, како и пракса, ги има стекнато низ светски познатите образовни и клинички институции во Франција.

Доктор Игор Николов, Клиника за нефрологија, со професорот Ростаинг

Професор Ростаинг, кој работи на Универзитетската болница Гренобл во Франција уште од 2013 година има обиди да го пренесе своето знаење, како и знаењето на неговите колеги на македонските лекари. Волја да помогне во сиот овој процес има и амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер. Ростаинг помага во процесот за развој на процесот на  трансплантација во Босна и Херцеговина и Бугарија.

ТРАНСПЛАНТАЦИИТЕ ПОЕФТИНИ, ОД ДИЈАЛИЗА

Ростаинг вели трансплантацијата е поевтина, од дијализата. Тој објаснува дека националната програма за трансплантација во Франција се имплементира 40 години, и целта е токму тоа „помалку пациенти на дијализа затоа што дијализата е скапа работа“. Во моментов 60 проценти се на дијализа, а 40 проценти се трансплантирани.

„Во Франција дијализата годишно чини околу 80 илјади евра годишно  за пациент. Трансплантацијата 60 илјади евра, а потоа пост трасплантационата медицина или ако има компликации чини 20 илјади годишно. Значи имате 20 илјади евра спрема осумдесет илјади евра за дијализа годишно. Тоа е штедење, ама и квалитетот на животот е подобар“, вели Ростаинг.

Додека Франција функционира независно, Македонија не е дел ниту од Еуротрансплант.

„Кај нас има повеќе трансплантации од живи донори, отколку кадаверични. Кадаверични има  3-4 годишно. Стандардот на Еуротрансплант е 8 трансплантации од кадавери, значи нас ни требаат  16 годишно за да аплицираме за Еуротрансплант“, вели доктор Николов.

Иако сиромашна пракса, сепак ја има кога станува збор за трансплантација на бубрег. Тоа не може да се каже за трансплантација на црн дроб иако имало лица кои се обучувале и тоа во Франција. Последниве две години има две трансплантации на срце.

„Свеста за органодарителството не се постигнува со две направени трансплантации на срце за две години. Притоа нејасно е зошто се открива идентитетот на семејствата кои изгубиле близок, а одлучиле неговите органи да се даруваат. Приватноста е клучна во овој процес“, вели професор Ростаинг.

На листата на Светската здравствена организација од 2019 година за земји во кои има најмногу донирање на органи се и земји од регионот, Хрватска и Словенија.

„Хрватска започна од ништо, ама во Хрватска е многу развиен системот на соработка и внатре во самата држава. Во Словенија е далеку поразвиен овој процес. Едноставно се презема системот на Шпанија која е на врвот на листата, таму секоја болница го идентификува потенцијалниот донор и се интензивира потоа соработка со останати болници, нешто што во некои земји воопшто не постои, а е многу важно. И во Македонија би можело да има два – три референтни центри кои ќе детектираат потенцијални донатори. Оттука ситуацијата ќе биде сосема поинаква“, вели професорот.

КЛУЧОТ Е ВО ЈАКНЕЊЕ НА СВЕСТА

Професор Ростаинг кажува дека многу се важни кампањите за јакнење на свеста кај граѓаните за органодарителството,  информирајќи дека во многу земји како Франција, Шпанија кампањите ги финансира државата.

Ростаинг со јасни предлози за тоа како Македонија да напредува на ова поле.

Прво, јакнење на јавната свест, бидејќи ако јавноста не е свесна тешко дека нешто може да се направи.

Второ, во кампањите за јакнење на јавната свест треба да се вклучат јавни личности со што дополнително ќе се привлече вниманието на граѓаните.

Трето,  треба да се вклучат асоцијациите на пациенти, бидејќи може да помогнат во јакнење на свеста преку свои сведоштва.

Четврто, мора да има волја и потоа да преземат обврска политичарите и да соработуваат, и да ја промовираат трансплантацијата, органодарителството.

Петто, Националната агенција или програмата за трансплатација кај вас треба да преземе повеќе обврски за промоција и да биде проактивна.

Шесто, секоја поголема болница да има свој оддел, екипа и да се знае дека  секогаш кога има потенцијални донори треба да се размени информација, а потенцијални органодарители има секогаш.

Седмо, соработка со земјите пред се од регионот кои имаат искуство во оваа област.

„Размената на експертиза во регионот е клучна. Србија е наш сосед и можеме да соработуваме со неа. Има земји во регионот со воспоставена соработка како Црна Гора и Хрватска“, заклучува доктор Николов.

Деновиве професор Ростаинг во Македонија сервираше прецизни предлози како да се зајакне свеста за органодарителство, како до зголемување на бројот на трансплантации со цел подобар квалитет на животот на трансплантираните. Надлежните се на потег!

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор