ФРА: Обезбедување пристап до јавни услуги за постарите луѓе во дигиталните општества

Населението во Европа станува се постаро, а нашите општества стануваат се повеќе дигитализирани. Многу јавни услуги се достапни на интернет, а многу повеќе услуги се дигитализирани.

Но, податоците од ЕУ покажуваат дека само 1 од 4 луѓе во ЕУ на возраст од 65 до 74 години имаат барем основни дигитални вештини. Значи, постарите луѓе може да бидат лишени од нивните основни права, како што се пристап до здравствена заштита или пензии, во нашите дигитални општества.

Извештајот на FRA за „Темелните права на постарите лица: обезбедување пристап до јавни услуги во дигиталните општества“ открива дека законодавството низ земјите на ЕУ не секогаш го признава ризикот од дигитално исклучување. Исто така, законодавството не ги решава бариерите со кои може да се соочат постарите луѓе.

За да се обезбеди пристап до јавните услуги за сите, земјите на ЕУ треба да обезбедат:

  • Еднаков пристап – пристапот до јавните услуги, како што се пензиите или социјалните бенефиции, е основно право. Како што повеќе од овие услуги стануваат дигитални, земјите треба да гарантираат дека постарите луѓе можат да пристапат до нив.
  • Целосно учество – постарите луѓе не се секогаш вклучени во дизајнот и развојот на дигиталните услуги. Земјите на ЕУ треба да обезбедат постарите луѓе да се вклучат во дизајнот на дигиталните јавни услуги за да се задоволат нивните потреби.
  • Нови дигитални вештини – не секој ги има потребните вештини или ресурси за да користи дигитални алатки. За да се избегне дигитално исклучување, земјите би можеле да ги користат фондовите на ЕУ за да им помогнат на постарите луѓе да ја подобрат својата дигитална писменост.
  • Борба против дискриминацијата врз основа на возраст – дискриминацијата врз основа на возраст влијае на подготвеноста и способноста на луѓето да се вклучат во современите технологии. Земјите треба да го поттикнуваат учењето меѓу врсниците, обуката меѓу генерациите и да избегнуваат дискриминаторски јазик кон постарите.
  • Инклузивно собирање податоци – нема податоци ширум ЕУ за дигиталната писменост на луѓето над 74 години, иако оваа група ќе претставува 20% од популацијата на ЕУ до 2050 година. Податоците за оваа возрасна група треба да се собираат систематски.

 

Овој извештај се базира на податоците од Истражувањето за фундаменталните права на Еуростат и ФРА.

Како национален истражувачки партнер на ФРА за Северна Македонија, податоците за земјава и извештајот за Северна Македонија се изработени од страна на Институтот за европска политика – ЕПИ.

The post ФРА: Обезбедување пристап до јавни услуги за постарите луѓе во дигиталните општества appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор