Мониторинг извештај за спроведување на Законот за младинско учество и младински политики 2023
Објавено: 26/09/2023
Извештајот дава одговор на тоа во колкава мера се искористени можностите и механизмите шти ги имаат младите за да влијаат врз процесите за креирање политики и донесување одлуки предвидени со закон, истовремено споредувајќи ги податоците од претходниот мониторинг извештај, со цел да се увиди во кои сегменти, има најголем напредок во спроведувањето на законот.
Мониторинг извештајот е спроведен во рамките на проектот Заедници инклузивни за млади, го спроведува Националниот младински совет на Македонија, заедно со партнерите Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, а е поддржан од Европската унија.