Форум Еуропеум 2023: ЕУ не е само надворешна политичка цел, туку домашна политика

И во време на Солунскиот самит пред 20 години и денес, домашните реформи се начинот на кој земјите од Западен Балкан може да си помогнат на патот кон Европската Унија, бидејќи членството во ЕУ не е само надворешна политичка цел, туку е и домашна политика, беше истакнато на Форум Еуропеум 2023 – 20 години по Солинскиот самит: Патот пред нас.

Говорниците на настанот истакнаа дека многу е направено во овие 20 години, дека се отворени можности за многу држави, но дека политичките нестабилности, како во земјите од регионот, така и во земјите-членки и самата ЕУ придонесоа кон забавување на процесите и т.н. замореност од реформи. Одложувањата и пречките на патот кон ЕУ го насочува фокусот од реформите и интеграцијата на други теми и земјите од регионот стануваат плодна почва за национализам

Заклучено беше дека земјите од Западен Балкан не очекуваат помалку од ветеното пред 20 години во Солун, односно полноправно членство во ЕУ, без никакви замени и модификации. Но потребна е и одржливост и догледност на европската интеграција, за граѓаните и владите да знаат дека има датум за членство, кој не мора да биде прецизно определен, но треба да се знае дека постои.

Руската агресија врз Украина го засили процесот на пристапување кон ЕУ на Молдавија, Украина и Грузија, а говорниците на Форум Еуропеум порачаа дека треба да се засилат врските меѓу земјите од Западен Балкан и овие држави, со цел да се најдат заеднички точки на интерес и да се засили притисокот врз ЕУ за проширувањето.

Форум Еуропеум 2023 година беше отворен од директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска, заедно со амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

За тоа што постигнавме во изминатите 20 години по Солун дискутираа Радмила Шекеринска, потпретседателката на Партијата на европските социјалисти и поранешна функционерка, Милица Увалиќ од Универзитетот во Перуџа од Италија и Срѓан Мајсторовиќ од Центарот за европска политика од Белград. На вториот панел кој беше посветен на тоа што ни претстои и ја отвори дебатата за предлози за реформирање на процесот на пристапување дискутираа Јана Јузова од Институтот Еуропеум од Прага, Денис Ценуша експерт од Центарот за источноевропски студии од Литванија и програмски директор во Ескперт-Груп од Молдавија, како и Јелена Џанкиќ од Институтот на Европски универзитет од Фиренца во Италија.

Форум Еуропеум 2023 – 20 години по Солунскиот самит: Патот пред нас е годишна конференција на ЕПИ, која оваа година имаше цел да направи преглед на тековните случувања и да се разгледаат актуелните предлози за реформирање на механизмите на процесот на пристапување, како и на пошироката европска архитектура која ги обединува засегнатите страни од Балканот и источните кандидатки за членство во Унијата.

Конференцијата беше организирана во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“, кој е финансиран од Европската Унија и има цел да помогне во креирањето на одржливи реформи за владеење на правото во насока на пристапувањето во Европската Унија.

The post Форум Еуропеум 2023: ЕУ не е само надворешна политичка цел, туку домашна политика appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор