Epi

ЕПИ: Подобрување во отчетноста и проактивноста на власта, недостаток на консултации со граѓанските организации

Отчетноста и проактивност на власта значително се подобрени во споредба со последниот циклус на мониторинг, а новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, суштински ги подобри правните основи за спроведување на ова право. Од друга страна, најголеми забелешки има за консултативниот процес. Консултациите со граѓанските организации не се случуваат во рана фаза и нема доказ во вид на извештај или записник околу тоа кои забелешки се земени предвид, а кои не.

Ова се клучните заклучоци од Националниот монитор за реформа на јавната администрација 2019/2020, објавен од  Институтот за европска политика (ЕПИ). Овој извештај е резултат на следењето извршено во 2020 година од тимот на ЕПИ и ги покажува клучните наоди од шесте области на РЈА дефинирани со начелата на јавната администрација (принципи на СИГМА). Во извештајот се потенцира дека Стратегијата за РЈА не предвидува вклучување на граѓанските организации во административните структури за координација и мониторинг на РЈА. Помеѓу забелешките, исто така, се истакнува  дека времените вработувања претставуваат девијација на системот занован на заслуги, а исто такапотребно е да се воспостават јасни критериуми за вработување и разрешување на високите раководни службеници.

Како што нотираат истражувачите на ЕПИ, иако се преземени неколку клучни чекори за подобрување на испораката на услуги во земјата, резултатот на земјата во оваа област останува идентичен на резултатот од претходниот извештај за 2017/2018. Перцепцијата на граѓаните во однос на напорите на Владата да ја подобри испораката на услуги е влошена во споредба со 2018 година, а сепак, се повеќе граѓани се информирани и знаат како да ги користат е-услугите. Две третини од граѓаните сметаат дека администрација се движи кон дигитална влада.

Граѓанското општество пак, исто како и во 2017/2018, останува со негативна перцепција за достапноста на административните услуги. Граѓанските организации сметаат дека административните услуги не се соодветно распределени на територијата на целата земја и дека постоечките центри  „Една точка за услуги“ не се лесно достапни. Негативни се перцепциите и во однос на прилагодувањето на услугите на потребите на ранливите групи, додека мнозинството граѓански организации сметаат дека е-каналите не им се лесно достапни на ранливите групи, постапката за давање на услуги не е прилагодена на нивните потреби, аперсоналот кој ги дава административните услуги не е доволно обучен за тоа како да постапува со ранливите групи.

Напредок се забележува во областа развој и координација на политики, имајќи ги предвид плановите за работата на Владата и извештаите за спроведување на плановите, кои претходно не се објавуваа. Сега овие извештаи се објавуваат редовно на разбирлив и небирократски јазик, што не беше случај во претходниот извештај за 2017/2018 година.

Значајни чекори за подобрување се преземи во однос на управувањето со јавните финансии . Беа анализирани клучните буџетски документи, како и достапноста на информации за јавната внатрешна финансиска контрола и собранискиот надзор, како и комуникацијата и соработката со јавноста од страна на врховната ревизорска институција.

Наодите  покажуваат дека Државниот завод за ревизија којшто донел засебна Комуникациска стратегија за периодот 2020-2023 година, ги подобрил неговите стандарди и надворешната комуникација. Позитивна новина воведена од ДЗР е изготвувањето на апстракти од ревизорските извештаи, кои се лесни за користење од страна на граѓаните и кои ДЗР го испраќа до ГО, медиумите и клучните засегнати страни преку електронска пошта. Уште еден позитивен чекор во однос на надворешната комуникација е воспоставувањето на канал за поднесување жалби или иницијативи до ДЗР од страна на надворешните засегнати страни.

Извештаите на Мониторот за РЈА се засноваат на сеопфатна методолошка рамка дизајнирана од истражувачкиот тим на ВеБЕР, која комбинира квантитативни и квалитативни извори на докази. Со принципите на СИГМА како основа на мониторингот, извештаите се комплементарни на сличната работа на СИГМА/ОЕЦД и Европската комисија, а се разликуваат по тоа што им нудат на граѓаните и граѓанското општество перспективи на овие принципи со наоди за вкупно 23 индикатори за следење на избраните принципи на СИГМА.

Истражувањето е изработено во рамките на регионалниот проект ВеБЕР 2.0 – Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација. Проектот е имплементиран од шест организации од Западниот Балкан, членки на мрежата Мисли за Европа, а партнер на проектот е и Центарот за европски политики од Брисел. Проектот ВеБЕР 2.0 е финансиран од Европската Унија.

Симнете го извештајот

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

    Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, […]

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор