[Aggregator] Downloaded image for imported item #42864

Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со што се засили пораката за нулта толеранција кон насилството врз жените.

Работилниците поттикнаа подлабоко разбирање на појавата на Родово базираното насилство и неговите различни форми, што придонесе кон зголемена сензибилизација за последиците што насилството ги остава врз поединците и заедницата. Преку интерактивен и партиципативен пристап, учесниците беа охрабрени не само да стекнат знаење, туку и да развијат емпатичен и активен однос кон поддршката на жртвите и спречувањето на насилството.

Работилниците беа заокружени со охрабрувачка порака дека секој од нас може да придонесе кон создавање побезбедна и поеднаква заедница – превенцијата започнува со свесност, знаење и активен ангажман.

*Оваа активност е дел од проектот „ Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата “, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Јашари: Податоците се горивото на целата дигитална трансформација

    На веб-страниците на општините, услуги се нудат само на ниво на онлајн формулар, кој потоа треба да се испечати, па да се оди да се однесе на шалтер. Целосната дигитализација значи работата да може да се заврши и тоа е нешто на што сите треба да се фокусираме, рече Јашари Фото: Мета.мк Дигитализацијата не е […]
    The post Јашари: Податоците се горивото на целата дигитална трансформација first appeared on Metamorphosis.

  • Објавен е компаративниот извештај за родовата сензитивност на програмите за намалување на штети за млади во Северна Македонија, во Србија и во Чешка

    Колку програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Северна Македонија, во Србија и во Чешка  се родово сензитивни? Колку националните политики во овие земји се специфични и родово трансформативни?  Одговорите на овие и многу други прашања најдете ги во компаративниот извештај “Родовата сензитивност на програмите за намалување на штети од употреба на […]
    The post Објавен е компаративниот извештај за родовата сензитивност на програмите за намалување на штети за млади во Северна Македонија, во Србија и во Чешка appeared first on ХОПС.

  • Собирање на семе за садници за наредната сезона на Боренка

    На 15.12.2025год. во околината на Градско, нашиот член и воедно началник на одред Иван Гушев заедно со волонтерите од СИМ учествуваше во берење на семе од багрем. Целта на берењето на овие семиња е за создавање на нови садници кој се користат во наредната година на пошумувањата организираме од страната…

  • Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во  работната група формирана од Министерството за правда […]
    Read More… from Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи
    The post Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор