Дрога на улиците на Гевгелија и бучвата во Крива Паланка проблем за граѓаните

Дрога на улиците на Гевгелија и бучвата во Крива Паланка проблем за граѓаните

Последните две работилници што се одржаа изминатата недела преку апликацијата ЗУМ, ЗГ  „Медиа плус“ ги организираше со Општинските совети за превенција од Гевгелија и Крива Паланка. Двата погранични градови се со свои особености  и со различен пристап до ова тело, кое како и во останатите шест општини, вклучени во проектот „Здружени сме побезбедни и посигурни“, малку или воопшто нема заседавано.

 

Општинскиот совет за превенција на Гевгелија во изминатиот период од формирањето на телото во нов состав, се има состанато за да расправа за проблемот со распространетоста на дрогата по улиците, во близина на училиштата и до местата за собирање на младите. Како заклучок од средбата договорено е организирање на заеднички мешовити патроли. Зголемување на активноста на Општинскиот совет за превенција се наметна како потреба од работнилницата што ЗГ „Медиа плус“ ја организираше за членовите на Советот.

Пред присутните беа презентирани најчестите проблеми, детектирани од граѓаните во текот на средбите на фокус групите и на онлајн анкетата.

Гевгелија – детектирани проблеми од граѓаните:

  • Дрогата е распростанета низ цел град, како пример посочена ул.„Браќа Миладиновци“, огромен број на млади се дрогираат, има и проституција бидејки е град до граница;
  • Во Гимназијата да има полиција бидејки се продава дрога;
  • Градскиот пазарот е неосветлен, навечер се собираат млади лица, алокохолизирани, кршат прават галама, истото се случува и кај Детската градинка, поради што потребно е да има полициски патроли;
  • Зачестени кражби (од локални жители, но и од луѓе од други градови, некои доаѓаат овде да набават дрога);
  • Жителите на населено место Миравци се жалат на кражби, наркоманија, сторителите ги приведуваат потоа за кратко ги пуштаат, често се случуваат тепачки;
  • Малолетни лица да не се пуштаат во кладилница, во нас.Негорци пред училиште е отворена коцкарница;
  • Затвореници се пуштаат од затвор за викенд ги вознемируваат – малтретираат младите девојчиња;
  • Се слуша секојдневно пукање со воздушни пушки во малото кај Железничка, се убиваат животни, кај ул. „Маршал Тито“ се забележуваат убиени животни;
  • Жители на ул.„Титовградска“- се жалат на кучиња скитници, алкохолизирани лица кои прават галама, пријавуваат, а полиција не реагира;
  • Галама од кафичите, кафани, дискотеките треба да се дислоцирани, каде нема да сметаат на населението наоколу;
  • Проблем со кучињата скитници;
  • Улиците се полни со дупки, тротоари не се направени, нема патеки за движење на инвиладизирани лица;
  • Недоволно паркинг простор, се паркира кај се стигне, повеќе пешачки премини се потребни, повеќе полициски патроли и да не се дозволува малолетници да возат возила и мотори, потребни се сообраќајци пред училиштата, велосипески патеки, нови тротоари, нов сообраќаен план, и да се сменат старите шини со нови;
  • Проблем со канализацијата, кога има врнежи се случуваат поплави;
  • Потребно е да се зголеми бројот на пожарникари и опрема, возила, и да има обуки засправување со непогоди за населението и за децата.

Членовите на Општинскиот совет за превенција од Крива Паланка го гледаат значењето на ова тело како мултисекторско и динамично, со членови од повеќе области, што ја нагласува неговата улога. Меѓутоа, започнатите активности делумно се ставени во мирување во март, поради настатата ситуација со ковид – 19. „Безбедни училишта“ е проектот што со години наназад се имплементира,со цел спречување на насилството во училиштето, како и тематски работилници поврзани со безбедноста на сообраќајот. Една од темите со која работеле во училиштата е безбедноста на интернет.

Пред присустните членови на Општинскиот совет за безбедност во Крива Паланка беа презентирани збирните проблеми, детектирани од граѓаните преку фокус групите и дигиталнта анкета.

 

Крива Паланка проблеми детектирани од граѓаните:

  • Бучава: Потребно е ограничување на славењето, да не се одобрува секое барање и да не се дозволува кој кога сака во доцните саати да слави и прави бучава со возила и свирење по улици за банални поводи; Проблем од Населба Единство е бучавата и гласната музика;
  • После 22 часот да има полициски контроли, да не се дозволува малолетни лица да пијат и лутаат, пречи бучавата од кафичите, да се казнуваат прекршителите на јавниот ред и мир;
  • Да се тргнат огревните дрвата од улиците и останати предмети кои узурпираат јавен простор; Потребно е решавање на дивоградбите, има насекаде нелегално поставени гаражи;
  • Недоволно детски игралишта, недоволно зелени површини;
  • Потребно е одбележување на повеќе пешачки премини, особено кај училиштата, сообраќајни знаци каде недостигаат и повеќе паркинг места,потребен е лежачки кај кривината кај Карпош, сообракајни камери, јавен превоз и камионите да не се паркираат на јавни места;
  • Проблем со уличните кучиња скитници;
  • Стоката да не се пушта на улица, загадува и предизвикува опасност во сообраќајот;
  • Со нов урбанистички план се затвора пристап до улица „Гоце Делчев“ каде живеат повеќе од 10 семејства, не можат да пристапат со возило до своите домови, ниту Противпожарно возило ни амбулантно возило може да дојде до нив. Таму е направена зграда, на која и е дадено дворно земјиште, поставени кошеви со дрва така што одвај и пешки можат да пристапат, на граѓаните им се дава одговор дека требало да реагираат со забелешки кога бил носен урбанистичкиот план (за тоа тие велат дека не биле известени) и да одат на Суд да си бараат решение.
  • При посилни врнежи реката носи дел од патот, па мора да се вози по алтернативни патишта, кои не се безбедни. Водата носи и ниви , потребно е да се исчистат коритата, и да се преземаат заштитни мерки како насипи, засадување дрва, а не само да се носи песок кога ќе се случи излевање;

Потребно е уредување на речното корито со каскадирање, чистење на сметот кој се фрла во реката од несовесни граѓани, регулација на браните.

  • Канализација нема насекаде, септичките јами ја загадуваат водата и почвата;
  • Неодржување на хигиената, смет по улици, сметот од градот се носи по селата;
  • Населеното место Дурачка река проблем со асфалт и немање пристап зимно време;
  • Кражби;
  • Потребно е асфалтирање на патиштата во селските средини, има случаеви каде на документ во Општина стои дека е асфалтиран патот до некое село а всушност асфалтот е пренасочен на друго место и патот е неасфалтиран (пр.с. Острец, Мождивњак);
  • Водата за пиење често ја снемува, потоа доаѓа нечиста, потребни се почести анализи на водата. Огромен е бројот на заболени со камен на бубрег и жолчка, а се појавува и епидемија на жолтица. Нема филтрација на водата. Доколку снема вода некаде од Комуналец, во чија надлежност е со багери директно ја пренасочуваат водата од Крива Река во бунарите со вода за пиење. Вработените со лопати фрлаат хлор во базените место да се третира на соодветен начин.Имало случај каде некој стопанственик на своја иницијатива ја навртел водата од реката во базените, за добитокот да не му останел без вода. Базените не се заштитени;
  • Пред 2 години кога имало наноси од снег и била потребна помош во одредени села реагирале Црвен крст и Центар за управување со кризи, од Општината немале ни соодветно возило и кога дошле немале никаква опрема со себе;
  • Комуналниот инспектор кај кого се обракале граѓани за проблем се оградувал дека само кучињата скитници биле некога обврска.

 

Со последните две работилници, завршија активностите на непосредна работа со членовите на Општинскиот совет за превенција, во кои беа обучени над 150 учесници од осум општини, со кои „Медиа плус“ потпиша меморандум за соработка. Некои од општните, кои меѓу првите одржаа вакви работилници, веќе одржаа нови средби на Општинскиот совет за превенција. Таков пример е Советот на Свет Николе, кој расправаше за повеќе теми од интерес на граѓаните.

Проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни“ на „Медиа плус“ е финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор