Gpk Grantisti.jpg

Доделени грантови за зголемување на граѓанската вклученост во борбата против корупцијата

Дванаесет граѓански организации и нивните партнери се добитници на грант преку програмата „Граѓаните против корупцијата“, а ќе реализираат проекти насочени кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и културата на интегритет, со посебен фокус на вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата.

Во следните две години овие проекти за вклучување на граѓаните во антикорупциските иницијативи ќе бидат реализирани од следните организации:

1. Институт за стратешки истражувања и едукација– ИСИЕ

2. Коалиција на здруженија на граѓани Сите за правично судење

3. Фондација за интернет и општество Метаморфозис во партнерство со Здружение за унапредување на новинарските практики Иновативни медиуми

4. Здружение Конект

5. Здружение Транспаренси интернешнл- Македонија во партнерство со ПИНА– Платформа за истражувачко новинарство и анализи

6. Здружение Центар за современа уметност и култура– АТО, Битола

7. Здружение за еколошко одржлив развој Зелен институт во партнерство со Здружение за одржлив социо- економски развој Изгрејсонце

8. Здружение Македонски центар за граѓанско образование МЦГО

9. Здружение на граѓани Полио плус– Пост полио група за поддршка во партнерство со ХОПС– Опции за здрав живот

10. Здружение на граѓани Македонска асоцијација за човечки ресурси

11. Здружение за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Здружение за развој, едукација и еколошка етика– Полимат 13, Богданци

12. Здружение Асоцијација за демократска иницијатива, Гостивар во партнерство со Здружение Форум Центар за стратешки истражувања и документација

Со вкупен фонд од околу 40 милиони денари, овие организации ќе работат на проекти кои опфаќаат различни теми, вклучувајќи унапредување на отчетноста во високото образование, транспарентноста и мониторингот на судовите, борбата против корупцијата на локално ниво, зајакнување на приватниот сектор, како и подобрување на етичките стандарди во здравствениот сектор.

Дел од проектите се насочени кон подигнување на свеста за корупцијата во животната средина, а вклучуваат и иновативни методи како театар, и ангажирање на младите како активни учесници и идни лидери во антикорупциските активности. Ќе се спроведат и иницијативи за поддршка на граѓаните во остварување на нивните права и охрабрување за пријавување на случаи на корупција.

gpk 22

На овој повик за грантови, пристигнаа 62 апликации, од кои 59 успешно ја поминаа административната проверка и беа прифатени за понатамошна евалуација. По деталната оценка од страна на експертска комисија, беа избрани 12 предлог проекти кои се очекува да придонесат кон долгорочното зајакнување на антикорупциска култура и да го поттикнат граѓанскиот ангажман како основа за промени во различни сектори на општеството.

На идните грантисти им честитаме за успешните проектни апликации и им посакуваме среќа и успешна реализација на проектните активности!

Програмата „Граѓаните против корупцијата“ се реализира од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканската истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Финансирана е од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор