Snip

Државното финансирање на граѓанските организации е инвестиција

Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не е единствениот елемент на овозможувачката околина, но секако е еден од оние за кои најчесто дебатираат институциите и граѓанските организации, за жал, како што вели извештајот, без поместувања.

Gragjanite Za Promena Br.18

Дали ваквото тапкање во место, кога државното финансирање е во прашање, е одраз на недостаток на доверба на институциите во граѓанските организации? Ако е, тогаш зошто „поминала“ Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество (2022-2024) во која една од препораките е „зголемување на уделот на државното финансирање од централниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа, со цел да се достигне удел од 30% (околу 2 милијарди денари) во вкупните приходи на граѓанските организации до 2024 година“?

Пред неколку години, на една од конференциите што ги организираше МЦМС со претставници на Владата, поранешниот министер за Јавна администрација и потпретседател на Владата на Република Словенија (2014-2018), Борис Копривникар, споделувајќи го словенечкиот модел на државно финансирање одговори на едно од најчестите и веројатно најтешките прашања: зошто граѓанските организации да се финансираат од државниот буџет? „Организациите го зголемуваат општествениот придонес, ги поддржуваат јавните услуги и се коректори на политичките одлуки. Тоа значи дека финансирањето не се сфаќа како донација, туку како плаќање за добрите услуги кои ГО ги вршат“, рече Копривникар.

Веројатно заради овој став, колегите од граѓанскиот сектор во Словенија во 2022 година добиле 539,3 милиони евра јавни средства. Од нив, 513,22 милиони евра се добиени од директни и индиректни буџетски корисници (министерства, општини, Финансиската управа на РС, јавни агенции и институти). Во 2022 година, 53,86% од сите активни невладини организации во Словенија добиле јавни средства (во односната година, Словенија имала над 27.000 граѓански организации). Вкупните приходи на граѓанските организации во таа година биле над една милијарда евра, што значи дека државното финансирање било нешто над 51%.

За разлика од нив, граѓанските организации во Северна Македонија, во 2023 година можеа да сметаат на околу 10,3 милиони евра од централниот и од буџетите на општините. Вкупните приходи на граѓанските организации во 2023 година се 147,6 милиони евра па така, уделот на државното финансирање е 6,7 %.

Сосема валидна би била забелешката дека Словенија е побогата земја и затоа може да си дозволи да одвои повеќе средства за граѓанските организации, но еве да ја објективизираме и оваа споредба: државната поддршка за граѓанските организации во 2022 година во Словенија изнесувала 3,5% од буџетот на земјата, во Северна Македонија, во 2023 година, таа поддршка била речиси 0,2% од буџетот.

На страна од финансиите, активностите на граѓанските организации во земјава целат кон подобрување на животот на граѓаните, без разлика дали станува збор за неформално образование, градење свест, поддршка на ранливи групи, зајакнување на демократијата итн. Во таа смисла, институциите и граѓанските организации се стремат кон иста цел. Уште колку време ќе биде потребно за да се разбере дека вложувањето во граѓанскиот сектор е инвестиција, не попусто трошење пари?

Граѓаните за промена бр.18

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор