[Aggregator] Downloaded image for imported item #48462

До 30 јуни може да се искористи преостанатиот годишен одмор од 2025 година

Барањето за користење годишен одмор можете да го преземете на копчето подолу.

Работниците кои имаат неискористени денови од годишниот одмор од 2025 година треба навреме да поднесат барање до работодавачот за користење на преостанатиот одмор.

Според Законот за работните односи, годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година. Доколку одморот се користи во два дела, првиот дел треба да трае најмалку 12 работни дена, а остатокот може да се искористи најдоцна до 30 јуни следната календарска година.

Тоа значи дека преостанатите денови од годишниот одмор од 2025 година може да се користат заклучно со 30 јуни 2026 година.

Годишниот одмор е право на работникот и работодавачот е должен да овозможи негово користење согласно закон, потребите на работниот процес и можностите за одмор и рекреација на работникот.

Во деновите на годишен одмор не се пресметуваат празници, саботи и недели, денови на боледување и други оправдани отсуства од работа.

За таа цел, подготвивме образец – Барање за користење годишен одмор, кој работниците можат да го достават до работодавачот во фирмата каде што работат.

Важно е барањето да се достави писмено и навреме, за работникот да има доказ дека побарал користење на годишниот одмор.

Доколку работодавачот не овозможува користење на годишниот одмор или го ограничува ова право спротивно на закон, работниците можат да побараат заштита на своите права и да се обратат до надлежните институции или до Гласен Текстилец.

Годишниот одмор не е привилегија — тој е законско право на секој работник.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор