Mzmp

Пактот на ЕУ за миграција и азил започнува со примена: тест за Европа и сигнал за Западен Балкан

На 12 јуни 2026 година, започнува со примена Пактот на Европската Унија за миграција и азил, најобемната реформа на европскиот систем за азил и миграција во последните години. По речиси четири години преговори и подготовки, вниманието сега се префрла од усвојување на новите правила кон нивната практична примена.

Пактот има за цел да воспостави побрз и поусогласен систем за управување со миграцијата во Европската Унија преку задолжителен скрининг на надворешните граници, поширока употреба на забрзани гранични постапки, нови правила за распределба на одговорноста меѓу земјите членки и зајакната рамка за враќање.

Една од клучните цели на реформата е спречување на таканареченото „бегство“ од постапките (risk of absconding) и секундарните движења кон други земји членки. Токму затоа новата рамка предвидува построг надзор врз движењето на лицата и мерки кои треба да обезбедат тие да останат достапни за надлежните органи во текот на постапката.

Од перспектива на заштита на човековите права, токму овие елементи предизвикуваат најголема загриженост. Организациите за човекови права предупредуваат дека реформата става значително поголем акцент на контролата на миграцијата, управувањето со границите и враќањата отколку на пристапот до постапката за азил и гаранциите за заштита на фундаменталните права. Дополнително, постои ризик мерките за спречување на „бегство“ во пракса да доведат до почеста употреба на имиграциски притвор и ограничување на слободата на движење.

Пактот предвидува и нови гаранции, вклучително и воспоставување независни механизми за мониторинг на почитувањето на фундаменталните права за време на скринингот и граничните постапки, како и обезбедување бесплатна правна помош во административната фаза на постапката за азил.

Сепак, токму во однос на овие гаранции остануваат најголемите дилеми. Во повеќе земји членки независните механизми за мониторинг сè уште не се целосно воспоставени или не располагаат со потребните овластувања и ресурси. Дополнително, граѓанските организации во голем број држави не биле суштински вклучени во процесот на нивно воспоставување, иако со години имаат клучна улога во мониторингот на границите, обезбедувањето правна помош и документирањето на повреди на човековите права.

Отворени остануваат и прашањата околу организацијата, финансирањето и надлежните лица кои ќе обезбедуваат бесплатната правна помош предвидена со Пактот. Ова е особено важно ако се има предвид дека новата рамка воведува пократки рокови и побрзи постапки, што го прави навремениот пристап до правна помош уште поважен за ефективното остварување на правото на азил.

Иако Пактот е инструмент на Европската Унија, неговите последици нема да се задржат само во рамките на Унијата. Особено внимание привлекува проширената примена на концептот на безбедна трета земја, кој им овозможува на земјите членки пошироко да се повикуваат на земји низ кои барателот на азил претходно транзитирал. Ова прашање е особено релевантно за Западен Балкан, имајќи ја предвид позицијата на регионот долж миграциските рути.

На крајот, успехот на Пактот нема да зависи само од тоа колку брзо ќе се спроведуваат постапките. Вистинскиот тест ќе биде дали новиот систем ќе успее да воспостави рамнотежа меѓу ефикасноста и заштитата, и притоа дали ќе обезбеди гаранциите за фундаменталните права да се реални и применливи во пракса.

Како членка на ECRE (European Council on Refugees and Exiles), Македонското здружение на млади правници ја споделува и изјавата на ECRE по повод започнувањето на примената на Пактот, во која се укажува на предизвиците поврзани со неговата имплементација и потребата од посилна заштита на фундаменталните права во новиот систем за азил и миграција.

The post Пактот на ЕУ за миграција и азил започнува со примена: тест за Европа и сигнал за Западен Балкан appeared first on Myla.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор