Дигитална природа, изложба на Андреј Митевски
Центарот за современи уметности Ве известува а воедно и Ве поканува на изложбата која што ќе се отвори на 17 ноември во Мобилната / Монтажна галерија (локација: Парк на франкофонија) во 20.00 ч.
Дигитална природа, изложба на Андреј Митевски
Проектот Дигитална природа е обмислен да претставува една целина создадена од повеќе елементи. Елементите во овој проект се единици и нули ( Бинарен код) кои се користат да претстават текст преку кој е испишана порака до посетителите.
Самите елементи се поставени и направени од земја ( жива трева) за да создадат рељефна структура и текстура во самото дело која за гледачите престставува визуелен приказ.
Истите елементи се создадени од земја и на просторт зад галеријата од која ке порасне трева со поразлична текстура од останата трева и зеленило.
Идејата на самото дело е е да се поврзат посетителите со природата и воедно да обрнат внимание дека и таа има свои закономерности кои мора да се почитуваат.
Преку ова дело и оваа изложба авторот Андреј Митевски се обидува да делува локално за се подигне свеста за важноста на улогата на човекот во природата и особено важноста на односот кон урбаните зелени површини кои се под постојан напад на профитерите и урбаната мафија. Едновремено авторот преку своето дело испушта и порака за глобално зачувување на природата. Всушност пораката која е претставена во бинарниот код е универзална и гласи Love is all we need
Авторот се труди со овој проект да придонесе за поинакво гледање на природата и потстрекнување на идеата за подобар свет и почиста планета.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44384](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mk-grc-mala.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/630311151_895856849832384_2455287352878253917_n.jpg)
![[aggregator] downloaded image for imported item #40356](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/web-page-cover-scaled-1-768x337.webp)
