20171117 Anima vest

Вегефест – револуција која почнува во твојата чинија, за права на животните!

Анима мунди го организира шестиот по ред Вегефест, фестивал со кој се промовираат здрави, еколошки прифатливи и морално исправни принципи и начин на живеење. Овој пат, тој ќе се одржи на 19 ноември со почеток од 11:00 часот во Младинскиот културен центар.

Богатата програма се состои од спортски и забавен дел, штандови со достапна веганска храна и производи, музички настапи и перформанс на акробатите од жонглерското студио Фаз бабл, како и детско катче со танци, магионичари и едукативни работилници за деца.

Паралелно, ќе се одвива циклус предавања и тоа: Елисавета Димковска, студентка по нутриционизам, ќе зборува за веганската исхрана и протеините за спортистите; Влатко Таневски, основач на ВТ диет клубот во Битола, ќе ги урне митовите за веганската исхрана; Елена Најческа, фитнес инструкторка, ќе дискутира за растителните извори на калциум; Александар Дренковски, основач на Кинетикс фитнес студиото, ќе го одржи предавањето „Твојата чинија те убива: од атеросклероза до сексуална дисфункција“; а за разликите во ефектот врз здравјето на веганската и вегетаријанската исхрана ќе дискутира д-р Александар Митов, главен стручен консултант за владината кампања за здрава храна „Здравјето е избор“.

Основната порака на настанот е дека револуцијата за правата на животните започнува од  принципите и животните навики на секој поединец. Преку него, од здружението повикуваат на хуманост, сочувство, совесност и правичност кон секое живо битие, и се борат против експлоатација и дискриминација на животните.

Здружението за заштита на животните Анима мунди е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, посетете го нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор