20171117 ICHP vesti

Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа

Институтот за човекови права (ИЧП), Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Институтот за европска политика (ЕПИ) ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на презентацијата на првиот мониторинг извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“. Презентацијата ќе се одржи на 21 ноември 2017 година, со почеток во 10.30 часот во хотелот Арка.

Мирослав Драганов, извршен директор на ИЧП, ќе го презентира извештајот со фокус на работата на Судскиот совет на РМ, Советот на јавни обвинители на РМ и Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување одговорност на судија; Ангела Шумкоска од МЗМП ќе се фокусира на решавањето „стари предмети“ во судовите и извршувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Македонија, додека Ива Цоневска од ЕПИ ќе презентира за работата на Академијата за судии и јавни обвинители и објавувањето на судски одлуки.

Потоа ќе следи фокусирана дискусија во која ќе бидат претставени предизвиците со кои се соочуваат релевантните институции за преземање на неопходните реформи.

Проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“ го спроведуваат ИЧП, како носител, во соработка со МЗМП и ЕПИ, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, во времетраење до 30 јуни 2018 година. Општата цел на проектот е зајакнување на транспарентноста, отчетноста и професионалноста на органите на правосудството, а специфични цели на проектот се: зајакнување на структурниот мониторинг над реализацијата на итните реформски приоритети во правосудството (ИРП) и унапредување на јавната дебата за имплементирање на ИРП преку граѓанско застапување.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на албански и англиски јазик.

Сите заинтересирани можат да го потврдат своето присуство на ihr@ihr.org.mk или на 02/ 3243-331 најдоцна до 20.11.2017 до 14 часот.

Институтот за човекови права (ИЧП) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) се корсници на институционални грантови, а Институтот за европска политика (ЕПИ) е корсник на акциски грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации, посетете ги нивните профили.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор