Изготвена АНАЛИЗА за состојбите со здружувањето во секторот земјоделство и рурален развој

Рурална Коалиција – Куманово во периодот септември – октомври 2017 година одржа 8 неформални средби со фокус групи на земјоделци и жители на руралните подрачја во Македонија во сите 8 плански региони. Средбите со фокус групите доаѓаат како последователна активност на претходно реализираното обемно теренско истражување кое што опфати 800 испитаници, а целта на истото беше да се утврдат состојбите со здружувањето во секторот земјоделство и рурален развој.
На средбите со фокус групите кои што беа одржани во Липково, Скопје, Штип, Росоман, Прилеп, Струга, Богданци, Гостивар се дискутираа добиените резултати од теренското истражување, а се со цел анализата да може да даде квантитативни, но и квалитативни податоци на темата – здруженија и нивно делување во секторот земјоделство и рурален развој.
Податоците, но и заклучоците од дискусиите и дебатите во рамките на фокус групите говорат дека состојбата со здружувањето во секторот земјоделство и рурален развој е алармантна, односно над 90% од испитаниците истата ја оценуваат со 1, на скала од 1 до 5.

Untitled1

На ова се надоврзуваат и одговорите на испитаниците на прашањето – дали сте член во било каква организациона форма (здружение, кооператива, месна заедница, граѓанска иницјатива итн.) , при што приближно околу 90% од испитаниците одговориле со НЕ, најчесто како резултат на тоа што не знаат како, не се членови во локални здруженија и немаат информации како може да се здружат ниту пак кои се придобивките од организираното и здружено делување. Од она пак што можеше да се чуе низ отворените дебати, земјоделците немаат доверба во здруженијата наведувајќи дека најчесто станува збор за човек-здружение, односно претседателите се тие кои што ги користат бенефициите од здруженото настапување или пак земјоделците се чувствуваат и искористено кога истите во рамките на проектното работење на здруженијата се повикуваат само за обуки, семинари, информативни сесии, а потоа никој не ги консултира ниту пак посетува по завршувањето на проектот.

Дека податоците изнесени погоре се точни се потврдува и со фактот дека од 228 испитаници од 800 кои што аплицирале за користење на средства од Националната програма за рурален развој дури 211 аплицирале како поединци, а само 17 поднеле апликации како здруженија.

Над 80% од земјоделците и жителите на руралните средини немаат информација дека Националната програма за рурален развој содржи и мерки, како и финансиска поддршка за здруженија на граѓани кои делуваат во секторот земјоделство и рурален развој, а тоа најчесто се должи на фактот дека не ги добиваат навремено информациите од институциите, немаат информација дали постојат барања или процедура за аплицирање за овие средства ниту пак како може да влијаат врз мерките кои се предлагаат во рамките на оваа програма за поддршка на руралниот развој во државата. И самите се свесни дека ваквата состојба во одреден дел се должи токму на тоа што секој настапува поединечно, несподелувајќи ги информациите со останатите жители на заедницата, како и поради немањето на волја и мотивација да се делува заеднички најчесто поради сеопштата летаргија која што владееше не само во земјоделскиот сектор туку и воопшто во државата во изминатиот период поради сеопштата криза низ која што минуваа граѓаните како резултат на политичките и социо-економски услови кои владееа.

Тоа што не се членови на здруженија на земјоделците исто така им оневозможува да се вклучат во консултативните процеси на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ниту пак може да станат членови на телата кои што предвидуваат вклучување на земјоделците при донесувањето на одлуки за креирање и спроведување на развојните политики во секторот земјоделство и рурален развој.

Последниот факт кој што беше испитуван, а исто така е поврзан со здружувањето е колку земјоделците поднесуваат граѓански иницијативи, при што квантитативниот податок го говори следново:

Untitled1

односно дека од 800 испитаници само 16, презеле или биле дел до некаква граѓанска иницијатива. Како причини кои што беа дебатирани зошто е тоа така беа наведени дека институциите не ги земаат сериозно во предвид нивните потреби и барања, меѓутоа и дека иницијативите не ги спроведуваат до крај затоа што уште на почеток сметаат дека се осудени на пропаст, а алармантен беше и многу честиот одговор дека “земјоделците никој ништо не ги прашува ниту пак некого го интересира за нив“.

Ова е доволен показател дека итно треба да се делува во овој сегмент од општественото живеење на оваа категорија на граѓани затоа што при превземањето на граѓански иницијативи никој никого и не треба да го прашува или консултира туку граѓаните се тие кои што како подносители ги поставуваат своите услови, но и капацитети и ресурси за решавање на одредени прашање или проблем со кој што се соочуваат, а на заедничка маса или преговори треба да го решат во директна соработка со централната или локалната власт. Чувството на пониска вредност во однос на останатите граѓани сеуште е присутно кај земјоделците и жителите на руралните средини.

Враќањето на довербата во здружувањето, едукацијата кај земјоделците за бенефитите од организационите форми на здружување, пренесувањето на позитивни искуства во вид на успешни приказни од здруженијата кои што постигнале успеси и резултати преку своето делување, анимирањето на ново членство, но и обезбедувањето на директна финансиска, но и техничка и логистичка помош, особено во делот на размена на информации и знаења која што ќе овозможи и организациски долгорочен развој на здруженијата беа само дел од препораките кои што земјоделците и жителите на руралните средини си ги упатија меѓусебно, но и кон организациите кои што успешно делуваат во овој сектор како и кон институциите.

Целосната анализа на организацијата е достапна на следниов линк:

Изработката на анализата, како и теренското истражување и дебатите на фокус групите се дел од проектот “Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“. Проектот е финансиски поддржан во рамките на Програмата за развој на граѓанското општество на Цивика Мобилитас и истиот се спроведува во периодот мај 2017 – јули 2018 година.

Галерија

 

 

 

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор