[Aggregator] Downloaded image for imported item #47174

Ден на добри дела 2026

„Добро дело е кога создаваме момент на топлина, надеж и храброст“. На ден 20.04.2026 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2026, организиравме акција: „Пакет Топол Момент – Добро дело што грее одвнатре“.

Волонтерската акција се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од средните училишта и ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, кои заеднички создадоа мали, но значајни гестови на грижа за жени и деца жртви на семејно насилство – кориснички на нашите услуги во советувалиштето за психосоцијална поддршка. За време на акцијата волонтерите рачно изработија картички со охрабрувачки пораки и цртежи, со цел пакетот да не биде само материјална поддршка, туку и личен знак на солидарност, при што испратија порака дека никоја жена и ниту едно дете не се сами – дека заедницата стои зад нив и дека грижата започнува од мали, но искрени дела.

Денот на добри дела е меѓународен ден на волонтирање. Почнувајќи од 2007 година, неговата мисија е да ги обедини луѓето од целиот свет во правење добри дела за другите и за планетата. Здружението за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп, трета година по ред се приклучува кон глобалното движење „Ден на добри дела“, којшто претставува Меѓународен ден на волонтирање. Годинава Денот на добри дела е 12ти април, а на ниво на државата ќе се организираат различни настани и работилници, организирани од Младински културен центар Битола.

#gooddeedsday #деннадобридела #mkcbitola @MkcBitola @Gooddeddsday

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор