Ilija

Метаморфозис објавува конкурс за годишна награда ИЛИЈА ЖУПАНОСКИ

Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, трета година по ред, објавува

КОНКУРС

За годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Ќе бидат доделени две годишни награди во следните категории:

А. Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци кој може да се однесува на:

  • комплексни проверки на факти заради разоткривање на раширени дезинформации во јавниот дискурс;
  • проверки на факти со цел разоткривање серии од слични или тематски блиски дезинформации во јавниот дискурс;
  • анализи за проблемот со дезинформациите или на тематски или други сегменти од оваа појава со препораки за негово надминување;
  • анализи за идните трендови од областа на дезинформациите и очекувањата за можните дезинформациски видови и трендови во иднина (pre-bunking);
  • стручни/аналитички трудови/истражувања наоди кои го унапредуваат справувањето со дезинформациите;
  • истражувачки стории за потеклото и/или движењето/ширењето на дезинформациите низ јавната сфера и последиците од нив;
  • анализи за последиците предизвикани од високо штетни дезинформации и идните очекувани штети од нив;
  • детекција на дезинформациски наративи и акции присутни во регионот и Европа кои имаат домет (или тенденција да достигнат домет) да нанесат штета во Северна Македонија; и
  • други стручни и новинарски трудови од областа на справувањето со дезинформациите.

Б. Едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 г., каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел да допрат до младите и да ги едуцираат да се јакне отпорноста од дезинформациите.

Право на учество имаат сите оние кои што авторски (поединечно или групно) го создале и објавиле материјалот (од категориите под А. и Б. наведени во Конкурсот) во весник, на телевизија или на интернет-портали (онлајн медиуми) во периодот од 1 ноември 2025г. до 1 октомври 2026г.

На конкурсот, авторите може да се пријават и со серија на содржини кои се меѓусебно поврзани, но се однесуваат на една конкретна тема. Авторот со пријавувањето на Конкурсот е согласен дека неговиот труд ќе биде ре-објавен во Зборник, кој е посебно електронско издание кое може да го подготви Метаморфозис, по завршувањето на Конкурсот.

Пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

При оценувањето на материјалите предност ќе имаат оние материјали кои:

  • Се однесуваат на дезинформации кои имаат висок капацитет за нанесување на штети во општеството;
  • Разоткриваат дезинформации кои се однесуваат на широкиот јавен интерес, односно засегаат голем број граѓани на Република Северна Македонија;
  • Ги зголемуваат сознанијата или доаѓаат до нови сознанија за проблемот со појавата на дезинформациите и нудат решенија за справување со проблемот; и
  • Имаат креативен, современ, ефективен и иновативен пристап во презентацијата на наодите до широката јавност.

Конкурсот е отворен до 1 октомври 2026 година. Пријавите треба да се поднесуваат на info@metamorphosis.org.mk со назнака: За годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Наградата за првата категорија „Најдобар новинарски, односно стручен труд“ изнесува 2.000 евра во денарска противвредност.

Наградата за втората категорија „Едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 г.“ изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.

На Конкурсот немаат право на учество вработените во Метаморфозис. Исто така, на Конкурсот немаат право на учество надворешните соработници на Метаморфозис со материјали кои биле/се подготвени и објавени во рамките на проектите кои ги спроведува Метаморфозис.

Пријавата се состои од:

Пополнет формулар за соодветната категорија (достапни во прилог).

А формулар за аплицирање

Б формулар за аплицирање

За дополнителни информации и прашања, контактирајте нѐ преку е-пошта на info@metamorphosis.org.mk со назнака: „Годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата“ најдоцна до 1 септември 2026 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор