[Aggregator] Downloaded image for imported item #43586

Бизнис сесија: Родово одговорни семејни политики за ESG и HR успех

Во Битола, на 13.11.2025 година, спроведовме бизнис сесија на тема Родово одговорни семејни политики за ESG и HR успех. Заедно со 15 претставници 9 компании од Битола и Прилеп и претставнички од Совет за женско претприемништво, дискутиравме за постоечките политики во приватниот сектор и дадовме предлог мерки за унапредување на истите.

Родово одговорните семејни политики можат да ја зголемат лојалноста, мотивацијата и продуктивноста на вашите вработени. На интерактивната бизнис сесија разменивме искуства и практични решенија за подобрување на работната култура и вовеедување на родово одговорните семејни политики преку ESG и HR пристапи.

Сесијата се спроведуе во рамки на програмата „Проширување на изборот преку политики за усогласување на семејните и работните обврски“, имплементирана од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Здружение Конект, а финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор