Viber image 2025 11 16 12 47 32

Кога се штеди на превенција – последиците се скапи! Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Новата кампања на граѓанските организации кои работат на унапредување на здравствената заштита „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ потсетува дека игнорирањето на превенцијата има висока цена за жените, за семејствата и за целиот здравствен систем.
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со партнерските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ – Заедно посилни и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари ја започнуваат националната кампања „Кога се штеди на превенција – последиците се скапи“.
Кампањата е јавен повик за систем кој ќе ја стави превенцијата во центарот на здравствените политики, затоа што секој заштеден денар денес, утре се плаќo поскапо на штета на здравјето на граѓаните и на системот кој троши повеќе за лекување.

Иако државата има обврска да обезбеди достапна превентивна здравствена заштита за сите, бројките говорат поинаку:
 80 % од жените плаќаат за гинеколошки услуги кои им следуваат бесплатно;
 Само 30 % од жените се опфатени со скрининг за рак на грлото на матката, наместо
потребните 75 % за период од 3 години;
 Граѓанските организации откриваат еден ХИВ позитивен случај на 150
тестирања, додека здравствените установи еден ХИВ позитивен случај на 1150
тестирања;
 92 % од жените Ромки не знаат дека имаат право на бесплатен гинеколошки
преглед.

Кампањата содржи инфографици, видеа, пораки од здравствени работници, како и конкретни повици за акција. Преку овие содржини, ХЕРА и партнерските организации апелираат за зголемување на буџетите за превенција и обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита, независно од приходот, местото на живеење или етничката припадност.
Превенцијата не е трошок, напротив, таа е инвестиција во здрави животи и во поефикасен здравствен систем. Затоа, ХЕРА и партнерите бараат конкретни мерки и буџетски одлуки кои ќе го стават здравјето на граѓаните во центарот на јавните политики.

Проектот „Унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи“ партнерски го спроведуваат ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Погледнете дел од материјалите од кампањата тука.
Мислењата кои се изразени во ова соопштение не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Контакт за медиуми
– ХЕРА – Асоцијација за здравственаедукација и истражување: hera@hera.org.mk
– Здружение за емнаципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
bpavlovski@esem.org.mk
– Здружение за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ – Заедно посилни
andrej@zp.mk
– Зружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор