20170531 MCEM vesti

Биди искрен- стекни доверба“- работилници за превенција на насилството

Во рамки на проектот „Против насилство- под исто небо“, на 25.05.2017 година се одржа војата трета активност „Биди искрен-стекни доверба“. Организатор беше неформалната група граѓани во соработка со Младинскиот центар за еднакви можности.

Настанот беше одржан во ООУ „Лириа“ во општина Чаир, во соработка со ООУ „Лазо Трповски“, општина Карпош а учествуваа ученици од различни националности.

Програмата се состоеше од работилници каде се применуваа психолошки гешталт техники за карактерно запознавање на учениците од различни националности, како начин да се спречи секаков обид за насилство. Тие вклучуваа претставување, размислување, пишување, цртање, дискусија и дружење.

Работилниците придонесуваат за развој на толеранцијата и за градење на духот на мултикултурализам преку креативни активности меѓу учениците од различни етникуми и се.

Неформалната група граѓани, наставници од ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош и ООУ „Лириа“ од општина Чаир,  во соработка со Младински центар за еднакви можности се корисници на ад хок грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор