Screenshot

Анализа на квалитет и воедначеност на судските одлуки во кривично-правната област

Согласно практиката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), гаранциите предвидени во член 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) вклучуваат обврска за судот, тој да овозможи и да продуцира соодветни и доволни образложенија на своите судски одлуки. Правото на образложени одлуки претставува клучна компонента на правичност на расправата што се заснова на практиката на ЕСЧП, а тоа е втемелено токму во неколку генерални принципи што се опфатени во ЕКЧП, а кои на тој начин ја штитат индивидуата од арбитрарноста на институциите.

[1] Врз основа на тоа, одлуките е неопходно да содржат причини кои би биле задоволителни за да може на нив да се темели судската одлука, но и да одговорат на суштинските аспекти што странките во постапката ги поставуваат како нивни правни аргументи. Ова право не е експлицитно формулирано во текстот на член 6 од Конвенцијата, но претставува процесно право што суштински ги гарантира сите материјални права. Образложените одлуки оставаат впечаток, но и влеваат сигурност кај странките дека нивниот случај навистина бил разгледан, соодветно анализиран и процесиран. Меѓутоа, тие придонесуваат и кон унапредување на јавната доверба во судското одлучување, а дополнително обезбедуваат и стабилна основа за владеење на правото. Образложеноста на судските одлуки е од особено значење, имајќи предвид дека придонесува и кон стекнување на јавна доверба во праведна, објективна и транспарентна правда како столбови во демократското општество.

[2]Иако судовите имаат можност врз основа на своето слободно судиско убедување[3] да ги одберат доказите и аргументите на кои ја засноваат својата одлука, тие се обврзани да дадат соодветно образложение за нивната (не)применливост. Оттука, одредбите од член 6 на ЕКЧП не можат да бидат сфатени како обврзувачки, ниту, пак, ЕСЧП упатува на тоа дека е неопходно да се аргументира секој индивидуален став, односно доказ во постапката.

[4] Длабината и екстензивноста на нивното образложување може да варира од видот на одлуката, од видот на надлежноста на судот, но и од случај до случај. Врз основа на тоа, судовите е неопходно да ги испитаат главните и клучните наводи на учесниците во постапката кои се засегнати како со домашното материјално и процесно право, така и со правата и слободите загарантирани во ЕКЧП. Образложенијата во никој случај не подразбираат прераскажување на кривично-правниот настан, како и на сите преземени дејства во постапката што несомнено би довело до тоа судските одлуки да бидат предолги. Оттука, сосема е погрешна практиката на некои судови за креирање компилации од судските записници од одржаните рочишта за главна расправа.

Судските одлуки е неопходно, но и се сугерира од страна на ЕСЧП, да бидат колку што е можно поконзистентни и ослободени од непотребни детали и академски експликации.Во правната теорија образложенијата се опишани како образложенија на правната теорија и образложенија за транспарентност. А кога станува збор за постапките пред второстепените судови, образложенијата што се дадени мораат да бидат во линија, но и да овозможат ефикасна употреба на уставно загарантираниот концепт на „право на жалба“[5], што теоретски е опишано како функционална ориентација. Второстепените судови можат да имаат и пократки образложенија од првостепените, но тие мораат да ги адресираат, односно да одговорат на главните аргументи покренати од странките во постапката.

Судските одлуки треба да се изготвуваат на достапен, едноставен и јасен јазик, тие мораат да бидат аргументирани, јавно објавени во разумен рок и засновани врз праведна и јавна расправа.[6] Согласно практиката на ЕСЧП, образложенијата мораат да содржат аргументација во однос на решавачките и клучните тврдења, аспекти и наводи што биле пресудни за донесување одлука во определен правец.[7] Оттука, овој суд би констатирал повреда на член 6 од ЕКЧП, секогаш кога домашните судови во образложението на одлуката би игнорирале конкретно, релевантно и важно прашања или аргумент покренат од апликантот во текот на постапката.

[8] Образложените пресуди даваат одговор на прашања од одлучувачко значење за предметот (Mugoša против Црна Гора), даваат подробно образложение кај предмети каде што законот не е доволно јасен (Milojević против Србија) и онаму каде што фактичката состојба не е јасна или доследна (Hirvisaari против Финска, Atanasovski против Р. Н. Македонија), водат сметка за специфичностите на правниот систем (Taxquet против Белгија), а и бараат помалку подробни образложенија на апелацоните судови кога пресудите на основните судови се добро обработени (Garcia Ruiz против Шпанија).[9]

[1] Предмет Roche против Велика Британија, бр. 32555/96, § 116, октомври 2005 г., ЕСЧП.

[2] Предмет Suominen против Франција, бр. 37801/97, § 37, 1 јули 2003 г.; Tatishvili против Русија, бр. 1509/02, § 58, јануари 2007 г., ЕСЧП.[

3] Чл. 16 од ЗКП.[

4] Предмет Van de Hurk против Холандија, § 61, бр. 16034/90; 19 април 1994 г., ЕСЧП.

[5] Предмет Hadjianastassiou против Грција, бр. 12945/87, 16 декември 1992 г., ЕСЧП.

[6] Magna Carta of Judges, Fundamental Principles, Стразбур, ноември 2010 г.

[7] Предмет Boldea против Романија, § 30, бр. 19997/02, 15 февруари 2007 г.; Moreira Ferreira против Португалија, § 84, бр. 19867/12, 11 јули 2017 г.; Papon против Франција, бр. 54210/00, 25 јули 2002 г.; Hadjianastassiou против Грција, бр. 12945/87, 16 декември 1992 г., ЕСЧП.[

8] Предмет Nechiporuk and Yonkalo против Украина, § 280, бр. 42310/04, 21 април 2011 г.; Rostomashvili против Грузија, § 59, бр. 13185/07, 8 ноември 2018 г., Zhang против Украина, § 73, бр. 6970/15, 13 ноември 2018 г., ЕСЧП.

[9] Мирјана Лазарова Трајковска, „Правна аргументација и образложение на пресудите“, Скопје, ноември 2019 г.

DOWNLOAD PDF

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор